За еден ден уапсени 16 лица, кај сите била пронајдена дрога


Вкупно 16 лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во текот на вчерашниот ден и ноќеска на повеќе локации низ државата, откако кај нив при преглед биле пронајдени и одземени марихуана и прашкасти материи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.С. (35), А.К. (29) и А.Ј. (30), сите од Скопје, кај кои биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.

Пет лица биле приведени во атарот на местото викано „Суви Лаки“ во Беровско. Станува збор за Г.П. (31) од село Пожаране, гостиварско, Б.А. (25) од Радовиш, С.З. (42) од село Муртино, струмичко, В.С. (22) од село Злеово, радовишко и Н.С. (31) од село Воиславци, радовишко. При контрола на патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Г.П., била пронајдена и одземена марихуана.

Во Тетово биле приведени две лица. На улицата „Илинденска“ бил лишен од слобода Ф.А. (33) од село Порој, а на улицата „29 Ноември“ бил приведен Р.И. (19) од село Горнo Седларце. И во двата случаи при преглед била пронајдена марихуана.

Полициски службеници од СВР Охрид на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Петља“, го лишиле од слобода Г.Н. (43) од Охрид, откако при преглед на неговото возило „ауди“ била пронајдена марихуана.

Во Куманово бил приведен А.Б. (20) од селото Сопот, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

Во Битола, во угостителски објект на улицата „Дебарца“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Ј. (41), кај кого била пронајдена прашкаста материја. Дополнително, во атарот на селото Братиндол биле приведени М.Т. (27) и Д.Т. (28), двајцата од Битола, откако при преглед кај М.Т. била пронајдена марихуана.

Во Прилеп, на улицата „Тризла“, бил лишен од слобода С.А. (26) од Кичево, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.