СДСМ: Нема „нула денари“. Чија е Државната лотарија?
Опозициската СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека целомесечните прослави на 8 Септември ги чинело граѓаните „нула денари“ и дека сето тоа го платиле општествено одговорни компании.
„Тоа што го платила Државна лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи?
Сè било организирано со поддршка на ‘општествено одговорни компании’.
Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата – лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.
Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.
Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните.
Нема ‘нула денари’. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг.
Мицкоски, граѓаните не се идиоти. Гледаат каде одат парите. И знаат дека ‘нула денари’ е само уште една лага“, велат од СДСМ.