ПСЖ против Барселона и Манчестер Сити: Извлечена жрепката за фудбалската Лига на шампиони


Во „Грималди Форум“ во Монако вечерва беше извлечена жрепката за Лигата на шампиони во фудбал.

Лигата на шампионите ќе се игра трета сезона по ред според новиот систем, во лигашка фаза.

Секој од 36 клубови ќе игра осум натпревари за време на лигашката фаза, четири дома и четири на гости.

Клубовите беа поделени во четири групи според нивниот индивидуален коефициент, а автоматизиран софтвер извлече осум противници за секој клуб.

Дваесет и девет тима се квалификуваа директно за лигашката фаза, а преостанатите седум места се пополнија преку квалификации.

Носители во жрепката беа Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона и Атлетико Мадрид.

Втората група ја сочинуваа Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Реал Бетис и ПСВ Ајндховен, во третата беа сместени Феенорд, Лил, Лион, Бодо/Глимт, Наполи, Лајпциг, Виљареал, Шахтјор и Галатасарај, а последната четврта Славија Прага, Слован Братислава, Штутгарт, АЕК Атина, ЛАСК, Комо, Ленс, Викинг и Сабах.

Осумте најдобри екипи ќе се пласираат во осминафиналето, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат во плејофот.

Првото коло ќе се игра од 8 до 10 септември, а финалето ќе се одржи на 5 јуни 2027 година во Мадрид на стадионот „Метрополитано“.

Титулата ја брани ПСЖ, кој во финалето во Будимпешта го победи Арсенал со 4-3 на пенали.

ПСЖ ќе игра дома против Барселона, Рома, Галатасарај и Слован Братислава, додека на гости ќе игра против Манчестер Сити, Астон Вила, Виљареал и Комо.

Противниците на Словaн:
Интер, ПСЖ, Бетис, Рома, Шахтјор, Лил, Штутгарт, ЛАСК

Противниците на АЕК:
Реал, Сити, Рома, Борусија, Галатасарај, Шахтјор, ЛАСК, Комо

Противниците на Викинг:
Баерн, Атлетико, Астон Вила, ПСВ, Наполи, Феенорд, Сабах, Штутгарт

Противниците на ЛАСК:
Ливерпул, Реал, Порто, Спортинг, Фенербахче, Бодо, Слован, АЕК

Противниците на Комо:
ПСЖ; Барселона, Јунајтед, Бетис, РБ Лајпциг, Феенорд, Ленс, АЕК

Противниците на Штутгарт:
Атлетико, Интер, Бриж, ПСВ, Лил, Галатасарај, Викинг, Слован

Противниците на Сабах:
Барселона, Арсенал, Борусија, Јунајтед, Наполи, Виљареал, Славија Прага, Викинг

Противниците на Славија:
Арсенал, Баерн, Астон Вила, Порто, Виљареал, Фенербахче, Ленс, Сабах

Противниците на Ленс
Сити, Ливерпул, Спортинг, Бриж, Бодо, РБ Лајпциг, Комо, Славија Прага

Противниците на Лил:
Баерн, Арсенал, Бетис, Рома, Галатасари, Бодо/Глимт, Слован, Штутгарт

Противниците на Наполи:
Арсенац, Сити, Клуб Бриж, Порто, Бодо/Глимт, Виљареал, Викинг, Сабах

Противниците на Галатасарај:
Барселона, ПСЖ, Астон Вила, Спортинг, Феенорд, Лил, Штутгарт, АЕК

Противниците на Феенорд:
Интер, Барселона, Порто, Бетис, РБ Лајпциг, Галатасарај, Комо, Викинг

Противниците на Фенербахче:
Ливерпул, Атлетико, Рома, Астон Вила, Виљареал, Шахтјор, Славија, ЛАСК

Противниците на РБ Лајпциг:
Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСВ, Јунајтед, Шахтјор, Феенорд, Ленс, Комо

Противниците на Бодо/Глимт:
Атлетико, Баерн, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Лил, Наполи, ЛАСК, Ленс

Противниците на Виљареал:
ПСЖ, Ливерпул, Јунајтед, Борусија Дортмунд, Наполи, Фенербахче, Сабах, Славија

Противниците на Шахтјор:
Реал Мадрид, Интер, Спортинг, ПСВ, Фенербахче, РБ Лајпциг, АЕК, Слован

Противниците на ПСВ:
Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Клуб Бриж, Порто, Шахтјор, РБ Лајпциг, Штутгарт, Викинг

Противниците на Спортинг:
Барселона, Јунајтед, Сити, Рома, Галатасарај, Шахтјор, ЛАСК, Ленс

Противниците на Јунајтед:
Баерн, Атлетико, Рома, Спортинг, РБ Лајпциг, Виљареал, Сабах, Комо

Противниците на Рома:
Реал Мадрид, ПСЖ, Спортинг, Манчестер Јунајтед, Лил, Фенербахче, Слован, АЕК

Противниците на Бетис:
Арсенал, Баерн, Порто, Борусија Дортмунд, Феенорд, Лил, Комо, Слован

Противниците на Астон Вила:
ПСЖ, Барселона, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Фенербахче, Галатасарај, Викинг, Славија Прага

Противниците на Порто:
Манчестер Сити, Ливерпул, Бетис, ПСВ, Наполи, Феенорд, Славија Прага, Ласк

Противниците на Борусија Дортмунд:
Интер, Арсенал, Бетис, Астон Вила, Виљареал, Бодо/Глимт, АЕК, Сабах

Противниците на Клуб Бриж:
Ливерпул, Интер, Астон Вила, ПСВ, Бодо/Глимт, Наполи, Ленс, Штутгарт

Противници на Баерн:
Арсенал, Атлетико Мадрид, Бетис, Манчестер Јунајтед, Бодо/Глимт, Лил, Славија Прага, Викинг

Противниците на Арсенал:
Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бетис, Лил, Наполи, Славија Прага, Сабах

Противниците на Ливерпул:
Атлетико Мадрид, Интер, Порто, Клуб Бриж, Виљареал, Фенербахче, Ленс, ЛАСК

Противниците на ПСЖ
Барселона, Манчестер Сити, Рома, Астон Вила, Галатасари, Виљареал, Слован, Комо

Противниците на Атлетико Мадрид:
Баерн, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, ПСВ, Фенербахче, Бодо/Глимт, Викинг, Штутгарт

Противниците на Барселона:
Манчестер Сити, ПСЖ, Спортинг, Астон Вила, Феенорд, Галатасарај, Комо, Сабах

Противниците на Интер:
Ливерпул, Реал, Клуб Бриж, Дортмунд, Шахтјор, Феенорд, Штутгарт, Слован

Противниците на Манчестер Сити
ПСЖ, Барселона, Спортинг, Порто, Наполи, РБ Лајпциг, АЕК, Ленс

Противниците на Реал Мадрид:
Интер, Арсенал, ПСВ, Рома, РБ Лајпциг, Шахтјор Доњецк, ЛАСК, АЕК