ЈСП демантира дека имало заглавени на скопската жичарница


ЈСП испрати демант во вврска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле
„спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на
жичарата на Водно. Според Јавното сообраќајно претпријатие на денешен ден не бил  евидентиран  таков настан, ниту настан од сличен карактер.

„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка
и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај
јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без
утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.
Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не
сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај
граѓаните“, стои во реакцијата на ЈСП.