Само 16 пратеници во македонското Собрание гласале за хуманитарна помош за Газа


Само 16 пратеници во македонското Собрание гласале за хуманитарна помош за Газа, информира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Во моментов во Собранието само 16 пратеници гласаа за хуманитарна помош за Газа (од кои 6 пратеници на Левица) – односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Додека палестински деца умираат од од глад, македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) – туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!

Од народ кој во Втора светска војна издвојува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет МОЛЧИМЕ, додека деца умираат од глад. Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време. – напиша Мојсоска на Фејсбук.