Ученик во „Јан Амос Коменски” го тепа цело одделение, ја нападнал и гризнал наставничката


Речиси цела паралелка во четвртото одделение во основното училиште ,,Јан Амос Коменски” во Карпош ја бојкотира наставата поради насилен ученик. Како што велат родителите на децата тие не се безбедни поради однесувањето на ученикот.

Во петокот ситуацијата ескалирала откако насилниот ученик ја нападнал наставничката која била гризана по раката и удирана по главата при што морала да интервенира и Брзата помош.

Поради ваквите настани утринава родителите протестираа и бараа проблемот со проблематичниот ученик да биде решен.

Ученикот во прво и второ одделение имал образовен асистент, а во трето и четврто оделение, не му бил обезбеден од страна на училиштето.