Започнува реконструкцијата на салата „Расадник“


На последната владина седница, се усвои информацијата за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е реконструкцијата на култната спортска сала ,,Расадник”!
 
Култната сала ,,Расадник” конечно ќе се реконструира и повторно ќе биде дом на Вардар, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
 
Од страна на општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 – 1500 гледачи.