7. Модна ноќ на невести на 4 февруари во Скопје


По седми пат, на 4 февруари  во „Скопје Мериот Xотел“  идните невести ќе го одбираат совршениот фустан  на ревии од затворен тип на „Модна ноќ на невести“ во организација на Моден викенд Скопје. Годинава мотото е „Уметноста на „Да“.

 

На вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден, ќе ги видиме ревиите на Златко Јовановски со колекцијата „ЈЗЈ“(специјален гостин на ревијата ќе биде поп-ѕвездата Фјола Морина од Приштина, Косово),  „Ана Бора атеље“, „Мина фешн“, „Мари Антоанет“ и „Матронс“, арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ и годинава ќе има уникатна креација од цвеќе, а брендот за уникатен италијански накит „Сигма“ ќе ги претстави новите трендови на сезоната.

„Македонските невести имаат се пософистициран вкус кога е во прашање венчалниот фустан, се посмели се во својот избор и ги следат светските трендови. Во ерата на социјалните медиуми и брзото живеење одлуката за вистинскиот модел знае да биде тежок избор и затоа со модните ревии сакаме да им го олесниме. Освен фустанот, на настанот можат да ги најдат сите други неопходни нешта за организација на тој важен ден “, велат организаторите.

Во склоп на настанот „Скопје Мериот Хотел“  идните невести и двојки ќе можат да дознаат се за организација на нивната свадба во хотелот. (Л.С.)