63 отсто Американци го сакаат Идрис Елба за нов Џејмс Бонд
САД– 63 отсто Американци го гледаат според Пипл, најсекси мажот за годинава, Идрис Елба, за новиот Џејм Бонд . Уште пред 56 години, кога стартуваше првиот филм од серијалот за Џејм Бонд, „Др. Но“ агентот 007 секогаш бил белец: Шон Конери, Тимоти Далтон, Џон Лазенби, Роџер Мур, Пирс Бросна и Даниел Крег. Испитаниците, според „Холивуд репортер“ велат дека е време за прв црномурест Џејм Бонд. 39 проценти би сакале агент со јужноамериканско потекло, 37 осто азиски Бонд, а 27отсто агент-геј.
„James Bond 25“, како што беше работниот наслов на новиот филм за агентот 007, ќе го режира американскиот режисер Кери Фукунага, за последен пат, со Даниел Крег во главната улога.
Снимањето на 25-тиот филм од франшизата за легендарниот фиктивен британски таен агент Џејмс Бонд е закажано за 2019 година.