Починат 12-годишник донесен во битолската болница


Во, понеделникот, во СВР Битола било пријавено дека на 12.03.2023 околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола од неговите родители било донесен починат 12-годишник од с.Лера, битолско.

Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.