По невремето „Комунална хигиена“ ги расчистува скопските улици


Фото: Б. Богдановска

ЈП Комунална хигиена-Скопје  спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што попладнево го зафатија градот Скопје

По денешните обилни врнежи од дожд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Активностите се одвиваат во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија.

Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат во сите скопски општини, во тек е расчистување на булеварот „Гоце Делчев“, подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот „Павел Шатев“, како и повторно поставување на садовите
за одлагање на отпадот коишто беа изместени во текот на невремето.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе продолжи со активностите  во текот на целата ноќ, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен.