Првачињата од Гази Баба од година ќе добиваат по 3.000 денари помош


Фото: Независен весник

Првачињата во Општина Гази Баба, од следната година ќе добиваат еднократна парична помош.

– На вчерашната седница на мој предлог, Советот на општина Гази Баба одлучи следната учебна година, секое семејство кое ќе има прваче, да добие еднократна парична помош од општината во висина од 3.000 денари, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефкофски.

Оваа мерка веќе неколку години се спроведува во повеќе скопски општини, но и во други општини низ републиката.