Се реконструира улицата „АФЖ“ во Бутел
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, направи увид на тековните работи поврзани со реконструкција на дел од улицата АФЖ, во Радишани.
Работните активности се во полн ек, при што ќе се афсалтираат речиси петстотини метри од оваа улична инфраструктура во населбата.
– Патната инфраструктута, креирање на нова и оджувањето на постоечката, е од клучно значење за развој на Општината. За илустрација, во изминатиот период, во Општината беа реконструирани 70 сервисни улици по должина на сите месни и урбани заедници, со вкупна површина од 50.000 м2 – истакна градоначалникот Смилевски.
Асфалтирањето на улицата го извршува компанијата Гама Градба, а вкупниот буџет на проектот изнесува 1.263.554 денари, во нето износ.