„4 страни“ : Дац и Александар со нова песна по две години пауза (видео)

По речиси две години пауза од нивната последна песна, популарното дуо Дац и Александар ја објавија новата песна – “4 страни”, која од денес е достапна на сите радио станици и дигитални платформи.Станува збор за уште една љубовна приказна во нивниот препознатлив романтичен и боемски стил.

Авторот Александар Митевски открива дека зад “4 страни” стои долготрајна работа и бројна екипа музичари, а во песната учествуваат и нивните блиски соработници Ташко Грујовски, трубачите од Brasstes Skopje и виртуозот на бузуки – Трајче од “Бузуки Бенд”.
Истовремено, на 2 септември на YouTube премиерно се појавува и видеото за песната. Во него, Дац и Александар решија да го спојат своето искуство со свежата младешка енергија.
Главните улоги им ги доделија на Клара Кокев и артистот омилен кај младата публика Давид, познат како Јанг Дади.