Шилегов најави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник
Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска потврди дека ќе се кандидира за уште еден мандат,покрај шпекулациите за заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ.
-На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам. Во неколку наврати имам истакнато и околу тоа нема никаква промена, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање околу кандидатурата за втор мандат како градоначалник.
И покрај шпекулациите Шилегов најави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник а планира и да победи.
-Останувам на истата позиција и пред започнување на шпекулациите, впрочем утре ќе се расчистат тие шпекулации и ќе видите дека не станува збор за градоначалник, потенцира Шилегов во врска со шпекулациите дека СДСМ и ДУИ договориле заеднички кандидат за градоначланик на главиот град, откако лидерот на ДУИ најави изненадувачки новости за утре.
Тој додава дека е запрепастен со каква леснотија се шири шпекулацијата и истакна дека потребно е да се внимава со пласман на вестите, особено за оние вести што некои центри свесно ги шират како лажни вести.
Локалните избори треба да се одржат оваа есен.