35 прозни дела пријавени за наградата „Драги“

35 прозни дела на 33 преведувачи во превод на македонски јазик се пристигнати на конкурсот за наградата „Драги“, што ја оргзанизира издавачката куќа „Антолог“. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн.
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик ќе ја сочинуваат: д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Анастасија Ѓурчинова (редовен професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Иван Шопов (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“).
Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари.
Ова е комплетниот список на пристигнати дела (наведени по азбучен ред според првата буква од името на преведувачот):
Андријана Папиќ-Манчева за преводот од француски јазик на „Годините” од Ани Ерно, издание на Илика, 2025 година (електронски формат)
Бранислав Мирчевски за преводот од бугарски јазик на „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев, издание на Или-или, 2025 година
Бранислав Мирчевски за преводот од англиски јазик на „Граница: Патување до работ во Европа“ од Капка Касабова, издание на Или-или, 2024 година
Виолета Танчева-Златева за преводот од бугарски јазик на „Ѕвезди под клепките“ од Николај Терзијски, издание на Три, 2024 година
Даниела Тошева за преводот од старогрчки јазик на „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит, издание на Чудна шума, 2024 година
Дарко Спасов за преводот од словенечки јазик на „Ленинов парк“ од Тадеј Голоб, издание на Чудна шума, 2024 година
Драгана Евтимова за преводот од словенечки јазик на „Чиракот на волшебникот“ од Евалд Флисар, издание на Прозарт, 2024 година
Душанка Каевска и Ксенија Чочкова за преводот од германски јазик на „Собрани раскази“ од Франц Кафка, издание на Антолог, 2024 година
Ѓоко Здравески за преводот од српски јазик на „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ, издание на Антолог, 2025 година
Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Легенди, митови и фантазии“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година
Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Трофеј“ од Хеа Схутерс, издание на Чудна шума, 2025 година
Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година
Звонко Танески за преводот од словачки јазик на „Еднорози“ од Барбора Хринова, издание на Перун артис, 2024 година
Зоран Спасовски за преводот од турски јазик на „Хусеин Фелахот“ од Ахмет Митхат Ефенди, издание на Алманах, 2024 година
Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на ,,Црниот мачор – раскази за мистеријата” од Едгар Алан По, издание на Три, 2024 година
Искра Димковска за преводот од италијански јазик на „Островот на срцебиењето“ од Лаура Имаи Месина, издание на Антолог, 2025 година
Јасминка Марковска за преводот од норвешки јазик на „Утро и вечер“ од Јун Фосе, издание на Артконект, 2024 година
Калина Малеска за преводот од англиски јазик на „Слобода: созревање на крајот на историјата“ од Леа Ипи, издание на Или-или, 2024 година
Катерина Сотирова за преводот од италијански јазик на „Амфора“ од Луиџи Пирандело, издание на Или-или, 2024 година
Катица Гароска Ацевска за преводот од српски јазик на „Semper Idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ, издание на Полица, 2024 година
Кристина Стаменова за преводот од кинески јазик на „Јас не сум прељубница“ од Лиу Џенјун, издание на Македоника литера, 2025 година
Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Емпусион“ од Олга Токарчук, издание на Антолог, 2025 година
Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Генијот и божицата“ од Олдос Хаксли, издание на Артконект, 2025 година
Мариана Палашевска за преводот од германски јазик на „Волк“ од Саша Станишиќ, издание на Полица, 2024 година
Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Патот до Индија“ од Едвард Морган Форстер,издание на Марија Гиревска, 2025 година
Марио Стојаноски за преводот од англиски јазик на „Чуварка на семиња“ од Дајен Вилсон, издание на Матица, 2024 година
Милан Дамјановски за преводот од англиски јазик на „Десет раскази“ од О. Хенри, издание на Светла комора, 2024 година
Никола Кузманоски за преводот од англиски јазик на „Сенката над инсмот и други грозотии“ од Хауард Филипс Лавкрафт, издание на Полиграматон, 2024 година
Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Случајот на сопствената погибел“ од Кристијан Новак, издание на Перун артис, 2025 година
Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Зошто сум ве лажела“ од Јулијана Матановиќ, издание на Перун артис, 2025 година
Соња Стојменска – Елзесер за преводот од чешки јазик на „На убавата сина Джевнице“ од Антонин Бајаја, издание на Перун артис, 2025 година
Светлана Кочовска – Стевовиќ за преводот од старогрчки јазик на „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ од Ксефонт од Ефес, издание на Или-или, 2025 година
Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од англиски јазик на „Макс Хавелар или аукциите за кафе на холандската трговска компанија“ од Едуард Дувес Декер – Мултатули, издание на Современост, 2024 година
Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од хрватски јазик на „Мали необични луѓе“ од Миро Гавран, издание на Современост, 2024 година
Филип Димевски за преводот од полски јазик на „Маскарада“ од Витолд Гомбрович, издание на Бегемот, 2024 година
Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.