Од Ковид-19 во Србија денеска починаа 49 пациенти

Според последните податоци, в Србија денеска има 4.091 новозаразени со Ковид-19, а починаа 49 пациенти.
Во последните 24 часа тестирани биле 15.387 лица, а 2.203.391 од почетокот на епидемијата.
Во болниците во моментот има 9.688 пациенти со корона вирус, а 312 се на респиратори.
Досега од Ковид-19 починаа 2.882 пациенти во Србија, а стапката на смртност е 0,91 отсто.
Денеска почна вакцинацијата против корона вирусот во Србија, а првите вакцини ги примија премиерката Ана Брнабиќ, како и членовите на Кризниот штаб.