Заев со јавна благодарност до Бугарија за вакцината


Премиерот Зоран Заев преку порака на Фејсбук изрази јавна благодрност до Бугарија за донацијата со вакцини, што ја изненади непријатно јавноста во Македонија, која очекуваше дека вакцини ќе добие од ЕУ – а не од земја што ни става вето за преговори и која секојдневно повторува што се ни дала досега. 
 
-По одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.
Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет, стои во пораката на Заев.