Жителите на Мичиген масовно се вооружуваат пред утрешните претседателски избори


 

Жителите на американската сојузна држава Мичиген масовно купуваат оружје пред утрешните претседателски избори во САД, пишува Скај њуз.

„Тие дури не го ни знаат процесот“, вели Бил Кјучик, сопственик на продавница за оружје, за Скај њуз. „Сакаат само да купат оружје – и дневно имам стотина вакви повици во врска со тоа“, вели тој, покажувајќи на празна витрина, во која вообичаено има по стотина пушки.

Граѓаните на Мичиген, клучна „колеблива“ држава, ткн. свинг држава за која не се знае за кој кандидат ќе гласа, вооружувањето е од страв од граѓански немири во случај на според инзборен резултат.

Во последните недели, Мичиген се покажа како жариште на домашни милитантни активности.

Најочигледен пример е откритието на ФБИ околу заговорот за киднапирање на демократката гувернерка Гречен Витмер поради нејзините мерки на затворање во борба против корона вирус.

Пред само неколку дена, ФБИ и полицијата на државата Мичиген уапсија самопрогласен лидер на супрематистичка белечка група, обвинувајќи го за повеќе злосторства и раководење со „камп на омраза„ во таа држава.

Стручњаот за борба против тероризам Џавид Али верува дека има три клучни фактори кои довеле до овој очигледен пораст на домашни терористички закани – влијанието на пандемијата и ограничувањата кои произлегоа од тоа, протестите поради социјална правда во почетокот поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, како и заострената политичка реторика.