28. Златна бубамара на популарноста на 19 февруари во „Борис Трајковски“

28. Златна бубамара на популарноста, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети.
Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ја “апгрејтне” публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да ни ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.
„Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ЕМ РАСПОЛОЖЕНИ – ЕМ ЗАДОЛЖЕНИ!. Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу не интересира – жирант за добрата забава е Радио Бубамара“, потенцира организаторот.
Билетите се пуштени во онлајн продажба на https://mktickets.mk/ или во традиционална продажба во цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.