28. Моден викенд во Скопје- ќе ја слави лулката на дизајнот Италија и силата на домашното модно творење
Амбасадата на Република Италија во Скопје, ИТА- Italian Trade Agency, Ист Гејт Мол и Моден Викенд Скопје ве канат на модниот настан во петок, 15 март во 18:30 часот, во Ист Гејт Мол.
Настанот е отворен за сите посетители и љубители на модата и дизајн, кои ќе можат лично да ја почувствуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.
Моден Викенд Скопје ќе продолжи со активности (Ист Гејт Мол) :
15-31 март, Ready, Steady, Shop! A Vintage Pop-up
28-29 март, ревии на домашните дизајнерски сили на модната сцена
30 март, најавен е и цел блок посветен на The Bridal Fashion Night со колекции каде идните невести бираат совршен фустан!
Мото на FWSK28 е “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија” . Нашата меѓудисциплинарна презентација не е само писта; тоа е славење на совесен дизајн, облека за етички брендови, и обврска кон еколошки практики кои оставаат позитивно влијание.
28-то издание на FWSK ќе ги оправда очекувањата на модната публика, ќе дише со нова креативна енергија, ќе ја слави лулката на дизајнот Италија и силата на домашното модно творење.