25 лидери на ЕУ веќе му честитаа на Бајден, само Орбан и Јанша – не
Дваесет и пет од 27 лидери на ЕУ досега му честитаа јавно на Џо Бајден. Полскиот претседател Анджеј Дуда се издвои малку од другите избирајќи да нагласи дека Варшава сè уште чека да бидат потврдени резултатите од изборите. Дуда му честиташе на Бајден „за успешната претседателска кампања“ и напиша дека „додека ја чекаме номинацијата од Изборниот колеџ, Полска е решена да го одржи високото и квалитетно стратешко партнерство ПЛ-САД за уште посилен сојуз“.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше последниот што објави на Твитер свои честитки до Џо Бајден. Досега тоа не го направиле само унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенечкиот Јанез Јанша. Десничарскиот популист Јанша ја доведе во прашање одлуката на медиумите да го прогласат Бајден за победник.
Досега ниту еден унгарски лидер сè уште не му честитал на Бајден.