Рускиот премиер Медведев поднесе оставка
Русија– Дмитриј Медведев денеска си поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.
Тој одлуката ја донесе по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој му се заблагодари на досегашната работа.
Како што јавуваат руските медиуми, Путин истакнал дека наскоро планира средба со сите министри во владата на Медведев.
Оставката доаѓа веднаш по традиционалниот годишен говор на Путин.
Рускиот претседател во обраќањето предложи уставни измени со кои парламентот би добил поголеми ингеренции. Имено, Путин предложи парламентот да има право да го именува премиерот, право кое сега го има претседателот. Меѓутоа, разрешувањето на премиерот да биде право на претседателот.
Како што јавуваат руските медиуми, Медведев си поднел оставка бидејќи сметал дека владата треба да се повлече во пресрет на уставните измени што ги најави Путин. Меѓутоа, тој веројатно ќе добие нова функција – заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија.
Агенцијата „Ројтерс“ објави и кои се лицата што би можеле да го наследат Медведев на функцијата. Во игра се: градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан, министерот за економија Максим Орешкин и министерот за енергетика Александар Новак.