„24сата.хр“: Кралевите на Еврото го освоија Загреб


Хрватските медиуми се воодушевени од настапот на македонските репрезентативци и навивачи на тековното Европско првенство во ракомет. Ја опеваат играта и песната на фановите, ни посакуваат среќа во следните натпревари во Вараждин. Во продолжение пренесуваме дел од текстот на најчитаниот балкански портал: „24сата.хр“

-Тоа што беа хрватските навивачи во Сплит додека играше нашата репрезентација, тоа беа македонските навивачи во Загреб. Со нив секогаш беше шоу, а сето тоа на теренот го следеа и нивните ракометари. Се играше шестата минута од мечот меѓу Германија и Македонија кога европскиот првак почувствува со кого си има работа. Македонците им продадоа цепелин за водство од 2-1. Беше тоа навистина фантастична акција на најпријатното изненадување на Еврото. Заврши 25-25 и Македонците во секаква смисла се освојувачи на Загреб во првата фаза од натпреварувањето. Тоа го потврдија и резултатски, преенсувајќи три бода во следната група. Најпрво ги средија Словенците и Црногорците, а сето тоа го закитија со вчерашното реми. Благодарејќи на фантастичните навивачи, Македонците доминираа низ нашата метропола. На секој натпревар ги имаше повеќе од четири илјади. Половина сала беше обоена во црвено-жолта боја, се пееше без одмор и ги носеа сјајните играчи до резултат за паметење. Македонскиот селектор, Шпанецот Раул Фернандез, како да е роден некаде покрај Охрид. Човекот растура македонски.

Сега Македонците се селат во Вараждин каде ги чека нова група. Покрај Германците и Словенците, тука се и Шпанците, Данците и Чесите. Со „фаци“ како Лазаров, Манасков и Стоилов немаат од што да се плашат, напротив, можат рамноправно да се носат со сите.