22. издание на „Европската кошаркарска недела“ на Специјална Олимпијада вo сабота во СРЦ „Кале“

Специјална Олимпијада Северна Македонија и Кошаркарската Федерација на Македонија повикуваат на инклузија и еднакви можности за сите


Специјална олимпијада Северна Македонија и Кошаркарска федерација на Македонија го организираат 22. издание на Европската кошаркарска недела.

По овој повод, на 29 ноември 2025 година (сабота), со почеток од 9 часот со регистрација на
учесници и официјален почеток од 10 часот, во големата сала во Спортско-рекреативниот центар „Кале“, ќе се одржи настан кој преку кошарката ќе промовира инклузија, фер и еднакви можности за сите.

Во рамки на настанот ќе се одржат рекреативни кошаркарски игри во кои ќе учествуваат лицата со интелектуална попреченост заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови.

Воедно, кон присутните ќе се обратат претставници на Специјална олимпијада Северна
Македонија и Кошаркарска федерација на Македонија.

Настанот се реализира со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА,
„Македонски Телеком“ АД, „НЛБ Банка“ АД Скопје и „Lions Alfa Club“ Скопје.

Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со
ФИБА и Кошаркарската евролига, Специјална олимпијада на Северна Македонија испраќа силна порака за почит и инклузија. Ги повикуваме сите кои се во можност, да се приклучат на овој настан и да придонесат за поголема инклузија – на теренот и пошироко, велат организаторите.