Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка


Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Кавадарци, каде наврнале 15 литри на метар квадратен. Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри на метар квадратен. По 9 литри на метар квадратен се регистрирани во Штип, Попова Шапка и […]

ЕУ издаде упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена


Европската комисија презентираше нови упатства со кои ги повикува граѓаните на ЕУ подобро да се подготват за вонредни состојби и катастрофи. Ова вклучува подготовка на храна, вода и основни потреби доволни за преживување во првите три дена додека не пристигне организирана помош од јавните служби. Упатствата беа презентирани на Европскиот форум за цивилна заштита во […]

Маск: Изгледа дека моите вселенски ласери за средување на изборите овој пат не функционираа


Милијардерот Илон Маск, еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканците, се огласи по изборните победи на демократите во конгресните трки „Центрите за податоци во вселената изгледаат доста жешки во моментов“, напиша Маск на социјалната мрежа X, пред да се пошегува: „Изгледа дека моите вселенски ласери за средување на изборите овој пат не функционираа“. Маск потроши […]

Трамп ги обвини сите за поразот на републиканците, освен себе


Претседателот Доналд Трамп ја започна изборната ноќ со напад на Фокс њуз. Тој неверојатно се обиде да ја обвини конзервативната мрежа за катастрофалните среднорочни загуби на Републиканската партија. Сепак, до крајот на ноќта, Трамп разговараше на телефон со раководството  на Фокс – нагласувајќи колку се потпира на платформата на мрежата, дури и кога се противи […]

Прв деклариран геј конгресмен, прва Индијанка, прв Муслиман …испишана историја на изборите


Победниците на гласачкото ливче во 2026 година ќе напишат историја оваа година, проектира „Decision Desk“ на CNN, вклучувајќи ја првата црна гувернерка и првиот американски сенатор кој е деклариран геј. Додека претседателот Доналд Трамп ја троши втората половина од својот втор мандат, двете партии ќе пречекаат разновидна група новоизбрани пратеници на државно и национално ниво. […]

Плаво цунами го погоди Трамп, тој се закани дека ќе владее со вета


Претседателот на САД, Донал Трамп, кој доживеа катастрофален пораз во Конгресот и практично гласачите му пратија порака дека масовно се незадоволни од неговата функција, место да најави некаква промена во политиката, рече дека отсега натаму ќе владее со вета. Запрашан како планира да се справи со контролиран од демократите Конгрес по среднорочните избори велејќи дека […]

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028


Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028. Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург. Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло. – Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено […]

Следуваат суви денови, но за викендот температурите ќе паднат под нулата


По периодот на нестабилно време, во Македонија следува стабилизација на временските услови. Од среда, 4 ноември, па во наредните денови ќе преовладува суво време без врнежи, со повремени сончеви периоди. Сепак, за време на викендот се очекува значително заладување во утринските часови, а на повисоките места и на планините температурите ќе се спуштат под нулата. […]

Европската комисија денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година


Брисел – Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји-кандидати за членство во Европската Унија. Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите-кандидати, најпрво ќе им биде претставен на членовите на […]

Победата на демократите ги потресе светските берзи


Сингапур –    По американските индекси на фјучерси, цените на акциите паднаа и на азиските берзи, главно под влијание на падот на цените на акциите поврзани со вештачката интелигенција, откако изборните проекции покажаа дека демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на среднорочните избори во САД. Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион, без […]

Жерновски: Последиците од случајот со Алта банка допрва ќе се почувствуваат


Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју во вестите на телевизија Алсат, предупреди дека Македонија допрва ќе ги почувствува негативните последици од поврзаноста на Мицкоски со Вучиќ, стои во соопштението на СДСМ . Жерновски потсети дека СДСМ уште пред речиси една година предупредуваше за сомнителниот капитал на […]

САД ја добија првата црномуреста гувернерка


Атланта – Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црномуреста жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава. Поранешната градоначалничка на Атланта, која воедно е и првата жена гувернер на Џорџија, го совлада републиканскиот претприемач Рик Џексон, покажуваат проекциите на американските медиуми. На челото на оваа […]

Без вода дел од општина Центар


Корисниците на дел од ул. „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар, ќе немаат вода поради  уличен дефект ф-80 мм на крстосницата помеѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 8:30 […]

Одбележување 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан од 11 часот ќе одбележи 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024). -Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е […]

Националниот џез оркестар ќе го отвори 30. џез-фестивал во Сараево


Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот  Jazz Fest Sarajevo.  Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните […]

Дебакл на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот


  Демократската партија убедливо победи на изборите за американскиот Конгрес среде претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат убедливо мнозинство во Претставничкиот дом, кој досега беше под контрола на Републиканците, додека на изборите за Сенатот победија во бројни федерални држави кои се сметаа за традиционални републикански упоришта. Се очекува демократите да го […]

Европа излегува на улици – тридневни протести планирани во седум земји поради високите трошоци за живот и вооружувањето


Париз –    Европа ја очекува тридневен бран протести што ќе се одржат истовремено во седум земји со барања за ограничување на цените на становите и кириите, зголемување на платите и пензиите и запирање на брзото вооружување на европските земји. Дополнителни барања вклучуваат контрола на цените на храната и енергијата, зачувување на квалитетни јавни услуги, […]

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 4 ноември 2026 година, 308-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 57 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 10 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Авионот од Белград за Москва вратен назад. Во него наводно се тројца функционери. Меѓу нив и Вулин


  Авионот што вечерва полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Москва се враќа во Белград, а според неофицијалните информации на порталот „Нова.рс“, во него биле претседателот на Социјалистичкото движење Александар Вулин, директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, и претседателот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ. Како што дознава „Нова.рс“, авионот со број на лет JU134 […]