Мицкоски се надева дека дијалогот со Бугарија ќе има резултат


Премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж денес дека дијалогот со Бугарија на крајот ќе вроди со плод. Без да прецизира како се одвива тој дијалог и кој го води, тој го повтори стопати кажаниот изговор, дека поради СДСМ, ние сме можеби единствената земја што мора да исполни политички услов, покрај тие предвидени со преговорите. Иако неколку […]

Лајен идната недела во Бугарија


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, следната недела ќе ја посети Бугарија, во услови на серија напади со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море, кои ги зголемија тензиите долж источното крило на НАТО. Во вторник, на 10 ноември, таа треба да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев во Варна и […]

Власта бара купувачи за Алта банка Битола, од СДСМ велат дека се врши притисок врз странска и домашна банка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека заедно со гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во наредните денови ќе имаат средби со потенцијални купувачи на Алта банка ад Битола, која е под управа на Народната банка, откако нејзината банка – мајка во Србија се најде во стечај. Наоѓањето нов инвеститопр во битолската […]

Фрчкоски до Мицкоски: Повикај го Обвинителството прво во својата канцеларија!


Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција порача дека за скандалот со Алта банка, Мицкоски прво треба да го повика Обвинителството во својата канцеларија во Владата, па потоа да ги упати кај гувернерот Трајко Славески во Народната банка.   Фрчкоски посочи дека наместо да го користи Обвинителството како средство за политички […]

Екс-Фрајла Марија Мирковиќ го претставува албумот „Ел Греко“


Медитеранскиот темперамент, грчките мелодии и силните емоции се споија на новиот авторски албум на Марија Мирковиќ. Инспирацијата за „Ел Греко“ музичарката ја пронашла за време на престојот во Солун, а во реализацијата на овој посебен проект ѝ се придружија Беба Балашевиќ и Алка Вуица, кои ги потпишуваат текстовите на шест песни. Грчката музика, нејзината неодолива […]

Нови 3,5 милиони евра од КФВ за Коморскиот Инвестициски форум


Германаката влада преку Германската банка за развој (KFW) ќе продолжи да го поддржува Коморскиот Инвестициски форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, соопшти Стопанската комора на Македонија. Како што се вели во соопштението до медиумите, Бранко Азески в.д. претседател на КИФ, добил известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека […]

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента


Италија набрзо би можела да ги санкционира возачите кои на одредени делници возат пребавно, со казни до 160 евра, пренесуваат денеска локалните медиуми. Мерката за поголема проточност на сообраќајот во почетокот би требало да се однесува на автопатиштата со вкупно шест сообраќајни ленти, а би требало да стапи во сила набрзо, јавија италијанскиот правен портал […]

Кина изгласа нов закон за Антарктикот. Сака да ги заштити своите интереси


Кина донесе закон со кој се заоструваат правилата за нејзините активности на Антарктикот и подетално се регулира истражувањето на континентот. Како и Соединетите Американски Држави, Кина ги засилува своите активности на Антарктикот и Арктикот со цел истражување на поларните ресурси. Официјалната цел на законот е да се поттикнат кинеските научни истражувања, а истовремено да се […]

Дојави за бомби низ Европа: Авиони принудно слетуваат, евакуирани медиумски куќи


Серија пријави за бомби во авиони низ Европа продолжија во петокот, а ирските медиумски канцеларии беа евакуирани поради закани за бомби. Најмалку 18 пријави за бомби во авиони Најмалку 18 летови добија пријави за експлозивни направи во авиони денес, но поради недостаток на информации од аеродромите и властите, тешко е да се следат сите пријави, […]

Белгискиот премиер нуди оставка. Кралот ја отфрла


Белгискиот Крал Филип ја отфрли оставката на премиерот Барт де Вевер и му нареди веднаш да ги продолжи преговорите за буџетот. Кралската палата денес објави откако премиерот понуди оставка во понеделник откако коалициските партнери не успеаја да се договорат за буџетските мерки. На одлуката за отфрлање на оставката ѝ претходеа консултации што кралот Филип ги […]

Уапсени 8 полицајци поради смртта на братот на обвинетиот за убиството на малата Данка


Членови на Управата за кривични истраги на полицијата беа приведени откако обдукцијата докажа дека братот на обвинетиот во случајот Данка Илиќ не починал од природна смрт. Осум полицајци од Управата за кривични истраги на полицијата беа уапсени како дел од истрагата за смртта на Далибор Драгиевиќ, брат на еден од обвинетите за убиството на двегодишната […]

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија околу спорот со Бугарија


Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските и трговските врски, поддршка за стабилноста на Западен Балкан и европската интеграција, беа темите за кои денес во Скопје разговараа  министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис.  За Муцунски  посетата […]

Средното „Димитар Влахов“ доби современо уреден фризерско-козметички кабинет


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се […]

Парагвај почна да враќа пари на малите депоненти на пропаднатата банка, враќањето не е сигурно за клиентите со поголеми депозити


Централната банка на Парагвај почна да враќа пари на штедачите на затворената банка Уено. Клиентите со помали износи беа први, а за околу три проценти од штедачите со поголеми депозити, враќањето на целиот износ не е сигурно. Според соопштението на Централната банка, објавено од агенцијата EFE, исплатата започна во четврток. Првата група штедачи добива до […]

Солзи по изрекувањето на пресудата за убиецот на Алдина Јахиќ: 45 години затвор за Калајџиќ


Денес, кантоналниот суд во Мостар го осуди Анис Калајџиќ на 45 години затвор за убиството на 32-годишната Алдина Јахиќ. Изрекувањето на пресудата го следеа многу граѓани, а некои присутни не можеа да ги сокријат солзите, јави Кликс.ба. Пресудата ја изрече судскиот совет со кој претседаваше судијата Дарко Зовко. Калајџиќ беше осуден за тешко убиство, нелегално […]

Над 1.300 кривични пријави за семејно насилство годинава, МВР ги охрабрува граѓаните да пријавуваат


Од јануари до септември годинава вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани на територијата на државата, за кои се пријавени 1.388 сторители и 1.433 жртви, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од сторителите се мажи, а од жртвите жени, а во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно […]

ЕУ утврди дека ТикТок претставува ризик за менталното здравје на корисниците, се заканува со казна


ТикТок ги прекршува законите на Европската Унија, континуирано изложувајќи ги корисниците на содржини кои би можеле да наштетат на нивната добросостојба и нивното ментално здравје, покажуваат прелиминарните констатации на Европската комисија. – Секогаш кога корисникот прелистува или лајкува видео на ’ТикТок‘, алгоритмот нуди повеќе од истата содржина, по што корисниците паѓаат во замки од кои […]

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември


Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје, е одложено. Следното рочиште е закажано за 11 ноември. Во предметот обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица. Последното рочиште се одржа на 30 октомври кога […]

„Охридско лето“ продолжува со концерти и надвор од фестивалот во Скопје и во Охрид


„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со […]

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија со поддршка од ЕУ


Дијалогот што во моментот се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија, а македонските позиции се јасни и принципиелни – истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер […]