Ден „Д“; Франција ќе „гори“? (фото/видео)


Ученици, наставници и синдикати се собираат низ цела Франција пред денешните протести, а регистрирани се првите блокади на училиштата и прекини во работата на образовните институции, објави порталот BFM TV. Учениците од средното училиште „Софи-Жермен“ во 4-тиот арондисман во Париз рано утрово го блокираа влезот во училиштето со канти за ѓубре и бариери. Десетици ученици […]

Насилни демонстрации во Приштина, повредени 17 лица


Многубројни демонстранти се собраа вчера околу државните институции, Собранието и Владата, барајќи усвојување на измените на законот за Специјалниот суд, што ги предложи опозициската Демократска партија на Косово (ПДК). Измените беа усвоени во прво читање уште претпладне, но потребно е да бидат усвоени и во второ читање за да стапат во сила. Меѓутоа, несогласувањата меѓу […]

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница


Дронови нападнаа трговски бродови во бугарските води во Црното Море. Нападот е прв од таков вид врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море во близина на Варна, јавија бугарските медиуми. Во водите на Црното Море во тек е голема спасувачка операција. Според првичните податоци, целите на нападите биле два товарни брода […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер му гостуваат на Гдањск во второто коло на Европската лига


Македонскиот претставник во Европската лига, тимот на Еурофарм Пелистер вечер ќе се соочи со Гдањск во второто коло. Битолчани ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток кои го оставија по првото коло во кое на свој терен убедливо загубија (24:31) од шпанска Ла Риоха. За разлика од нашиот тим, полскиот претставник во првата рунда […]

Русија набавува гориво преку Јужна Кореја


Повеќе од 176.000 тони гориво, претежно дизел, беа транспортирани од јужнокорејските пристаништа до Русија во јули и август со седум танкери што направија 14 патувања до рускиот Далечен Исток, покажува анализата на „Гардијан“ заснована на пристанишните евиденции и податоците за следење на бродовите. Три танкери беа под санкции на Велика Британија и ЕУ, додека еден […]

Трамп: САД имаат многу добри односи со Србија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат „многу добри односи со Србија“. Како што објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“, Трамп синоќа им рече на новинарите пред Белата куќа: „Имаме многу добри односи со Србија“. Вака одговори на прашањето на новинарот за соработката и стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија. Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ […]

Во Берово измерени минус 4 степени


Во Берово утрово се измерени -4 степени, во Битола нила, еден степен во Демир Капија и Струмица, три во Тетово и Велес, четири во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија, шест во Скопје, девет степени во Крушево, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува […]

Трамп: На сите полнолетни граѓани на САД ќе им дадам по 5.000 долари доколку републиканците победат на среднорочните избори


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на секој возрасен граѓанин на САД ќе ми даде по 5.000 долари доколку републиканците победат на претстојните избори. „Доколку републиканците го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и Сенатот на среднорочните избори во 2026 година, на секој возрасен граѓанин на САД ќе му дадам 5.000 долари“, рече Трамп во […]

Глобалните залихи на нафта се алармантно ниски, предупредува извршниот директор на „Сауди Арамко“


Глобалните залихи на нафта се алармантно ниски поради војната меѓу САД и Иран, изјави извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер. Тој процени дека светот би можел да ја преживее зимата со залихите, но тие нема да бидат за долгорочно снабдување. „Системот е веќе под голем притисок. Бидејќи светот нема каде да се сврти, маргината […]

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола


Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот имало вкупно 46 пожари на отворен простор од кои седум се активни, а еден е под контрола.  Активни се пожарите кај месноста „Над Боровите“ – крак кон с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште во општина Дебар, кај селото Јаболчиште во општина […]

Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Швајцарија


Македонската фудбалска репрезентација вечер ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Ова ќе биде меч од четвртото коло во Лигата на нации сегмент-Б. Домаќините се апсолутни фаворити. Швајцарците ги добија сите три натпревари од почетокот на циклусот, додека Македонците ги забубија без постигнат гол. Во Скопје, во 1.коло беше 3:0 […]

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации


Италијанската фудбалска репрезентација синоќа во Болоња ја победи Турција со 3:1 во натпревар од Лигата на нации во 4. коло. Головите за домаќините ги постигнаа Џанлука Скамака, Рикардо Калафиори и Франчеко Еспозито. Единствениот гол за гостите го постигна Арал . Во дербито на вечерта, Франција во Париз ја совлада Белгија со 4:1. Доди Лукебакио ја […]

Трамп слабее, но трампизмот станува сè посилен. Десничарските популисти освојуваат сè повеќе земји


Иако политичката позиција на Доналд Трамп е нестабилна, моделот на конзервативен популистички национализам што тој го изгради се шири надвор од САД. Неочекуваниот успех на Флавио Болсонаро во првиот круг од претседателските избори во Бразил даде нов импулс на тој тренд, додека десничарските популисти истовремено добиваат сила во Европа, пишува Си-Ен-Ен (CNN). Движењата што растат […]

Повеќе од 100 странци спасени од морето во близина на Крит


Две операции за лоцирање и собирање странци беа спроведени јужно од Крит, при што 105 лица беа спасени од морето. Во првиот случај, авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) забележа брод со приближно 65 странци, 42 наутички милји јужно од Кала Лименас, јави ЕРТ. Патролен брод на крајбрежната стража ги префрли […]

Трамп: Американските бомбардери се повлечени од британската база поради „некои закани“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека зад повлекувањето на американските бомбардери од воената база во Обединетото Кралство стојат „некои закани“, што е спротивно на претходните изјави на државниот секретар Марко Рубио, јави ДПА. „Имаше некои закани“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „И наместо да го искушуваме непријателот, ќе ги заробиме и ќе […]

Трамп ја одобри егзекуцијата на напаѓачот од Форт Худ кој усмрти 13 лица


Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт Худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица, соопшти портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа „Икс“,. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „препорача, а претседателот Доналд Трамп одобри осудениот терорист, Нидал […]

Сепаратистите победија на изборите во Квебек, според првичните резултати


Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек, јави Радио Канада, а резултатот би можел да му го отежне на премиерот Марк Карни одржувањето на националното единство во соочување со американскиот претседател. Радио Канада јави дека првите резултати јасно покажуваат дека покраината со девет милиони жители, во која мнозинството од населението го сочинуваат луѓе кои зборуваат […]

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени


Во американската сојузна држава Пенсилванија годинава се регистрирани повеќе од илјада случаи на мали сипаници, што е најголема епидемија во државата во последните повеќе од три децении, соопштија здравствените власти. САД ја бележат најтешката година во однос на малите сипаници од 1991 година, со речиси 3.900 регистрирани случаи, соопшти националниот Центар за контрола и превенција […]

Без струја дел од Карпош


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улииците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“ во општина Карпош. Прекинот ќе трае од 08:40 до 13 часот, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се проширува пристапот до дизел што не се одданочува. Трамп ја потпиша уредбата за време на митинг во Небраска, истакнувајќи дека со него ќе се укине условот за употреба исклучиво за теренски возила и ќе им се овозможи на сите да купуваат таканаречен црвен дизел без […]