Се губиме во сопствениот наратив. Вообразуваме дека ја имаме комплетната слика


Ако се осврнеме на изминатата година, преовладува едно сознание: сè уште живееме во неизвесни времиња. Сигурностите што ги сметавме за загарантирани, се разнишаа. Нашите политички пејсажи се менуваат. Се појавија нови моменти на несигурност, а ова важи и за Германија.  Сепак, некои сигурности опстојуваат. За Германија тоа е способноста за совладување на предизвиците во рамките […]

Монголија нареди мерки на претпазливост и засилен надзор на границата со Русија


Во Монголија во сила се „мерки на претпазливост“ и „засилен надзор“ долж границата со Русија, по смртта на лаборантката во Институтот за борба против чумата во Иркутск. – Иако ризикот е низок, Министерството за здравство им наложи на надлежните органи да преземат мерки на претпазливост и да одржуваат континуиран надзор и контрола со цел да […]

„Палестинците ќе продолжат да ја бранат својата земја“: Хамас со соопштение од 11 точки ја одбележа тригодишнината од нападот врз Израел


Палестинската милитантна група Хамас денеска, на тригодишнината од почетокот на војната во Појасот Газа, објави соопштение од 11 точки, во кое нападот врз Израел го претставува како дел од долгогодишната борба на Палестинците, правото на отпор и создавање на независна палестинска држава. За Хамас 7 октомври е „историска точка на палестинската борба“, а нападот бил […]

Русија по мистериозната смрт во институт: Нема опасност од епидемија на чума


Москва – Руската агенција за јавно здравје „Роспотребнадзор“ денеска соопшти дека по смртта на лаборантката во Институтот за чума во Иркутск нема епидемиолошки ризик по населението на источносибирската Иркутска област. „Роспотребнадзор“ тврди дека за случајот ја извести Светска здравствена организација, а лицата кои биле во контакт со починатата, се тестирани на заразни болести, а резултатите не […]

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки


Уставниот суд на денешната седница укина дел од одредба од Законот за социјалната заштита со која како услов за остварување право се предвидуваше лицето да е невработено, да не користи пензија и да има навршено 60 години возраст за жена, односно 62 години за маж. На 24. седница Судот поведе постапка за оценување на уставноста […]

Германската влада ги заострува законите за дигитално насилство: Кривични казни за сексуални „дипфејкови“ и снимки од силувања


Германија планира да ги прогласи за кривично дело поседувањето, изработката и дистрибуирањето видеа што прикажуваат силување, како и неовластеното создавање сексуални „дипфејкови“, согласно новиот предлог-закон насочен против дигиталното насилство што денеска го одобри германската влада. Законодавниот пакет, поднесен од министерката за правда Стефани Хубиг, воведува нови кривични дела поврзани со злоупотреба на идентитетот и ширење […]

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот


Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано,со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји. Компанијата го користи учеството на CPHI за продлабочување на деловната соработка и […]

Рубио во Атина: САД си одбраа најважен сојузник во регионот


Американскиот државен секретар Марко Рубио  ја поздрави Грција како клучен сојузник на САД и „извор на стабилност во нестабилен свет“, додека денес го отвораше шестиот стратешки дијалог во Атина со фокус на одбраната, безбедноста, енергијата и технологијата. Зборувајќи заедно со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, Рубио рече дека важноста на сојузот САД-Грција станала […]

ЕПЦ: Реформите на Кос се прв чекор, ЕУ треба да се подготви за ера на трајни нарушувања


ЕУ конечно го постави вистинското прашање за проширувањето, оцени денес во анализа Јанис Емануилидис, директор за студии во Европскиот центар за политики (ЕПЦ) откако еврокомесарката Марта Кос ги престави предлозите за реформи во ЕУ поврзани со гласањето и внатрешното носење на одлуките. Според него, предизвикотсепак  е поголем од тоа што го носат новите земји членки, […]

КСЗД предупреди на дискриминација на бремени жени во работните односи и сексуално вознемирување во образованието


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на брифинг со новинарите посочи дека најмногу поплаки се однесуваат на работата и работничките права, а особено загрижувачки се случаите со бремени жени кои остануваат без работа откако газдите ќе ги информираат за бременоста. Според изнесеното, Комисијата во изминатите три години добила „повеќе од дваесет и една претставка“ […]

Мостот „Близнак“ утре два часа ќе биде затворен за сообраќај


Утре, 8 октомври, ќе се санира оштетената заштитна ограда на мостот „Близнак“, на булевар „Киро Глигоров“. ЈП „Улици и патишта“ информираат дека активностите ќе се одвиваат на потегот од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“, во периодот од 13 до 15 часот. Поради изведбата на работите, за сообраќај привремено ќе бидат затворени […]

Глобалните резерви на нафта се близу до критична точка


Залихите на нафта што можат веднаш да се пласираат на пазарот се речиси исцрпени, предупредија раководители од енергетскиот сектор на конференција во Лондон, истакнувајќи дека резервите се приближуваат кон „критична точка“. Владите и енергетските компании посегнуваат по резервите за да ги пополнат празнините во снабдувањето и да го спречат наглиот раст на цените предизвикан од […]

Една од последните ѕвезди од златното доба на Холивуд почина на 103 години


Лос Анџелес – Американската актерка Ева Мари Сент, ѕвездата наградена со Оскар од класичните филмови „На брегот“ и „Северно од северозапад“, почина на 103 години. Таа почина во вторник, 6 октомври, од природна смрт во својот дом во Лос Анџелес, опкружена со семејство и најблиски, потврди нејзиниот претставник Џеф Сандерсон. Сент беше една од последните […]

Прекината потрагата по екипажот на бродот погоден од дрон кај Бугарија (видео)


Бугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на брод што потона откако беше погоден од дрон на околу 130 километри од бугарскиот брег, изјави за Nova TV вицеадмиралот Румен Николов од Поморската управа. Рано утрото во вторникот, два брода беа погодени во напад со дронови во рамките на бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. […]

По шест дена без храна, доктор Василевски го прекина штрајкот: Си одам со нарушено здравје, но со крената глава


Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски по шест дена го прекина штрајкот со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој вели дека си заминува „со крената глава“, но и со благо нарушено здравје, откако, според него, изостанала конкретна реакција од институциите за проблемите на кои укажувал, пренесе Скопје1. Василевски преку објава на Фејсбук […]

Финска стопира изградба на дата центри на Гугл


Властите во Финска го забранија процесот на изградба на два дата центри на Гугл затоа што не се извршени потребни испиттувања на влијанието врз животната средина. Во септември, американскиот технолошки гигант објави инвестиција од 13 милијарди евра во дигитална инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема […]

Меси: Дадов сè за Аргентина


Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси ги сподели своите емоции по неговиот проштален натпревар за репрезентацијата. На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ноќеска го победи Бенин со 3:0, а Меси постигна еден гол и имаше две асистенции. – Емоциите денес се неверојатни. Ви благодарам на сите. Првата личност на која помислувам е мојот татко. Би сакал […]

Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje LuxuryHotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“


Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje LuxuryHotel. Признанието, кое […]

Четири дена, три вечери 45. Скопски џез-фестивал: Програма по европски вкус


Од 15 до 18 октомври ќе се одржува 45. Скопски џез-фестивал, на кој годинава ќе учествуваат рекорден број изведувачи од тринаесет земји. Во четирите фестивалски дена на програмата се осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како […]

Путин си го честиташе роденденот со четири убиени деца во Украина (ВИДЕО)


Најмалку 19 лица се убиени во уште еден руски масовен напад со ракети и беспилотни летала врз украински градови во текот на ноќта на 7 октомври, што се совпадна со 74-тиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин. Во градот Прилуки, во Черниховската област, руска ракета погоди станбена зграда, при што загинаа најмалку 14 лица, меѓу […]