МЕМО ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија


  Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, ја одржа првата аукција за Гаранции за потекло на електрична енергија, произведена од повластени производители на електрична енергија, со што воспостави нов пазарен механизам за тргување со овој инструмент и направи значаен чекор во развојот на пазарот на зелена енергија во земјата согласно […]

Вреди ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Брвеница. Дали и гласачите?


  Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на политичката партија Вреди, Билал Касами, даде амбивалентна изјава дали тие ќе го поддржат кандидатот на ДУИ во вториот круг на локалните избори. Според касами, тие и го поддржуваат и не го поддржуваат. „Јас реков, политички ние како Вреди дадовме наш став дека ќе го поддржиме кандидатот […]

Шпанскиот министер за транспорт ја откри причината за судирот на возовите: Тоа е човечка грешка


  Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, изјави дека на возот АВЕ на државната железница, вклучен во катастрофалната железничка несреќа во близина на Урда, му било дозволено да продолжи со патувањето иако сигналот бил црвен, а дел од пругата бил зафатен. Тој ја припиша несреќата, во која, според сегашните податоци, загинаа 64 лица, на човечка […]

(Фото) Путин го пречека претседателот на Мозамбик висок 204 см. и поттикна коментари на социјалните мрежи


Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина. Двајцата државници се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF). Даниел Чапо, според медиумите, е висок 204 сантиметри, […]

Британски тајмс: Вучиќ подготвувал државен удар по поразот на изборите, пресвртот се случил во 21:30 часот


Александар Вучиќ бил подготвен да ја задржи власта со сила по поразот на изборите, но се откажал по телефонските повици, тврдат поранешниот командант на САЈ и политичари за британскиот The Times, пренесува Nova.rs. Канцеларијата на Вучиќ вели дека полицијата била распоредена поради закани од демонстрантите. Според нивните тврдења, по 12 години на чело на Србија, […]

За два дена искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар


Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени. Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над […]

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците


Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и […]

„Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026


Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина. „Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од […]

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со друг договорен ангажман


Околу 6.000 лица се ангажирани со договори на дело, преку временски вработувања и други форми на договорен ангажман, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на бројот на лицата на кои се однесува предложеното законско решение за трансформација во редовен работен однос. Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани […]

САД ги повикаа пловилата да се држат подалеку од Ормуската Теснина


 Американската војска денеска соопшти дека пловилата што немаат потреба да пловат меѓу пристаништата во Оманскиот Залив и Ормуската Теснина треба да се држат подалеку од тој поморски пат поради „зголемувањето на тензиите во регионот“. „Поради актуелната геополитичка ситуација, на пловилата што не мора да минуваат низ ова подрачје им се советува да останат на безбедно […]

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се направат анализи


Идејата да се плаќаат вработените по работен час што ја иницираше Сојузот на стопански комори е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Од Владата со став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се […]

Баро: Странските движења шират дезинформации за протестите во Франција


 Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска ги обвини странските движења за ширење искривени слики од неодамнешните протести за да се наруши угледот на Франција во странство. Тој за „Франс 2“ наведе дека сликите од протестите биле „искористени, искривени и засилени“ од оние кои сакаат да и „наштетат“ на угледот на земјата во странство. Тие […]

Словенија издаде 10-годишна обврзница во вредност од 500 милиони долари


Словенија издаде 10-годишна обврзница во вредност од 500 милиони долари. Како што истакна Министерството за финансии, американскиот долар е стратешка валута за Словенија, а оваа трансакција претставува второ враќање на Словенија на пазарот на капитал во долари по 2014 година. Побарувачката од инвеститорите надмина 785 милиони долари. Со солидна побарувачка, Словенија повторно можеше да се […]

Програмата за заеднички вселенски летови меѓу Русија и САД продолжена до 2030 година


 Програмата за заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (МВС) е продолжена до 2030 година на барање на американската страна, изјави денеска генералниот директор на руската државна вселенска корпорација Роскосмос, Дмитриј Баканов. – И тие нè превезуваат нас, а ние нив, секако. Имаме програма за заеднички летови која, на барање на нашите американски колеги, е продолжена […]

Воена парада во Солун за националниот празник на Грција


Системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Штитот на Ахилеа“, беспилотни системи од грчко производство, грчкиот систем за откривање и неутрализирање дронови, што се дел од новите современи воени системи, за првпат беа презентирани на традиционалната воена парада во Солун за одбележување на националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од […]

Со m.Uslugi нема одење по шалтери: И лична карта и возачка може да се чува на неа


Министерството за дигитална трансформација денес официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните. На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски […]

Една од најбогатите европски земји размислува за ограничување од само 80 км/ч на автопатите: Причината е сериозна


Замислете дека на автопатот, наместо сегашните 120 километри на час, одеднаш ви е дозволено да возите само со 80. Швајцарија, една од најбогатите и најразвиените европски земји, размислува токму за таква радикална мерка. Причината не е зголемениот број сообраќајни несреќи или желбата за построго казнување на возачите, туку сериозните проблеми во снабдувањето со гориво. Швајцарските […]

Антје Ванделт: Вложувањата во инфраструктура во земјата значи и зголемување на конкурентноста на пазарот на глобално ниво


Развојот на транспортната инфраструктура и условите за работа на компаниите во Северна Македонија, беа во фокусот на денешната средба на компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение и германските инвеститори во земјата со вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопштија од АХК. Меѓу прашањата од особено значење за компаниите се состојбата и пристапноста […]

Најмалку 64 мртви откако два брзи воза се судрија во Шпанија


  Два брзи воза се судрија денеска во Шпанија, при што загинаа најмалку 64 луѓе. Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија беше прекинат, а информацијата ја потврди и железничкиот оператор Адиф. BREAKING: Two high-speed trains collide near Toledo, Spain; multiple injuries reported https://t.co/vBwmEHW6JX — BNO News Live (@BNODesk) October 28, 2026 […]

Фирмата од Василево го повлече предлогот за стечај на ЗК „Пелагонија“ – Битола


  БИТОЛА – Повлечен е предлогот за отворање стечејна постапка во ЗК „Пелагонија“ – Битола соопшти Основниот суд во Битола. Предлогот за повлекување на стечајната постапка бил токму на фирмата доверител „Агроефодиа“ од Василево.   Оваа македонска компанија од Струмичко е специјализирана за производство, увоз и продажба на ѓубрива за земјоделството. На телефонско прашање на […]