Пентагон исклучува клучни сојузници од состанок на НАТО


Администрацијата на Трамп исклучува неколку големи сојузници од собирот на членките на НАТО следниот месец – по претходните закани за воведување „список на добри и лоши“ (како оној на Дедо Мраз) за владите што не се усогласиле со приоритетите на претседателот. Планираниот состанок во Полска, инициран од шефот за политика на Пентагон, Елбриџ Колби, всушност […]

Естонија забрани транзит на руско и белоруско жито преку својата територија


Владата на Естонија денеска воведе забрана за транзит на житарици со потекло од Русија и Белорусија преку естонската територија, со цел да се спречи создавање нова извозна рута за руското жито, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Иако Русија и Белорусија досега практично не ја користеа Естонија за извоз на житарици, владата во Талин […]

Николоски најави целосна автопатска и железничка врска со Албанија до 2031-2032 година


Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, […]

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска


Пратеничката група на Левица ќе поднесе интерпелација за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од Левица Амар Мециновиќ. Според Мециновиќ, со интерпелацијата се отвора прашањето за управувањето со енергетскиот сектор, минералните суровини и природните богатства, како и за резултатите што Владата ги постигнала […]

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Бидете љубопитни студенти – учете, поставувајте прашања, истражувајте


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на првиот академски час на  првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој почнува новата академска 2026/2027 година на новата генерација студенти им посака успешна академска година, истакнувајќи дека универзитетот е место за учење, поставување прашања и истражување. – Овие млади луѓе избрале […]

Сиљановска-Давкова со порака до студентите: Верувајте во силата на критичкиот ум


Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која се уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот, им порача денеска претседателката Гордана […]

Случајот со Ива Михајлова дојде во Стразбур


  Случајот на Ива Михајлова во Македонија, која има бугарско државјанство, се најде на пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде бугарската пратеничка  Весела Момчева-Тоун се пожали на тоа што „Михајлова не можe да оди на лекување во Бугарија“. -Поради тековните судски постапки, на Ива Михајлоа не ѝ е дозволено да […]

„Проширувањето кон Западен Балкан е клучен тест за Европа“, вели германскиот министер Вадефул


  Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, се залага за побрзо проширување на Европската унија кон земјите од Западен Балкан поради предизвиците што ги претставуваат амбициите на Русија и Кина во тој регион. „Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа. Тоа ќе биде одлучувачко за тоа какво влијание ќе има […]

Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за млади


  Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.   Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое […]

Почина Билјана Плавшиќ, осудена за воени злосторства од судот во Хаг. Имаше 96 години


  Билјана Плавшиќ, поранешна членка на военото раководство на Република Српска, која беше осудена за воени злосторства, почина на 96-годишна возраст во Белград. На 10 јануари 2001 година, Плавшиќ доброволно се предаде на Хашкиот трибунал, пред кој беше обвинета на 7 април 2000 година. Таа се изјасни за виновна за прогон врз политичка, расна и […]

Земјите кандидати може да добијат еврокомесар и пред формалното членство во ЕУ


  Земји како Црна Гора и Албанија би можеле да испратат комесар во Брисел пред формално да се приклучат кон ЕУ, според новите планови што ги разгледува Европската комисија. Високи претставници на ЕУ размислуваат за зголемување на степенот на вклученост на новите членки во текот на последната фаза од нивниот пат кон блокот, според нацрт-документите […]

Тензично во Тирана: Лајен дочекана со извикувања „Не сакаме ЕУ со Рама“


Тензиите пораснаа пред седиштето на албанската влада во Тирана додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се среќаваше со премиерот Еди Рама. Дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Голем број демонстранти се собраа пред кабинетот на премиерот, и покрај силното полициско засилување распоредено околу зградата. Полицијата постави безбедносни кордони за да ги […]

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац


  Возач на камион од Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац, потврдија за агенцијата Бета во Полициската управа во тој град. Несреќата се случила околу 01,50 часот кога камионот се превртел и потоа се запалил. На местото на несреќата интервенирале противпожарни и спасувачки екипи.

Судот го одобри преземањето на „Ворнер брос дискавери“ од страна на „Парамаунт“


Судот на Калифорнија ја одобри спогодбата меѓу „Парамаунт скајденс (Paramount Skydance)“ и американската сојузна држава Калифорнија (како и други држави), со што се отстранува последната пречка за финализирање на преземањето на „Ворнер брос дискавери (Warner Bros. Discovery)“. Вредноста на договорот изнесува 110 милијарди долари. Спојувањето ќе ги обедини „Си-би-ес њуз (CBS News)“, „Си-ен-ен (CNN)“, „Ејч-би-о […]

Предлогот на опозицијата за поголема минимална плата пред матичната собраниска Комисија


Пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика беше образложен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од пратеници од опозицијата. Поради одржување на закажаната пленарна седница, претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, по образложувањето на Предлог-законот, ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи во текот на денот, […]

Самоил ќе биде донесен во Бугарија со саркофаг од македонски мермер


Цар Самоил повеќе не ги разделува Бугарија и Грција, но сепак продолжува да стои меѓу Бугарија и Северна Македонија, оценува порталот „EUalive“ во најновата анализа. Иронијата според медиумот е што Самоил ќе дојде во Бугарија во саркофаг направен од бел прилепски мермер, т.е. македонски. Според она што објавуваат бугарските медиуми саркофагот ќе биде изработен во […]

Прилеп со богата програма ќе го одбележува 11 Октомври и 85 години од Народното востание


Со богата едномесечна програма, од денеска до 3 ноември, Прилеп, градот херој ќе ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание од 1941-та. Богатата програма започнува од денеска кога стартува и јубилејниот 15-ти Џез викенд во Прилеп. Џез музичари од земјава до сабота, 3 ноември, ќе ја претставаат својата музика пред […]

Докторот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултет


По 15 дена без одговор од надлежните институции, д-р Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Василевски, лекар и приватен специјализант, преку објава се заблагодари на сите кои му дале поддршка во изминатите денови и порача дека протестот не е насочен кон ниту едно лице. […]

Тешко повредена охриѓанка – била претепана пред деловен објект


    Вчера во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање […]

СДСМ бара смена на Стоилковиќ –бил на настан со српска политичарка што го велича Младиќ


Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) бара итна смена на министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, обвинувајќи го дека повторно работи на српско-руска агенда и дека учествува во предизборната кампања на Александар Вучиќ. Според соопштението на социјалдемократите, Стоилковиќ бил на настан во Битола заедно со Милица […]