Промоција на „Атентат“, долгодишно истражување на д-р Доревски за атентатот на Глигоров


По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за промоцијата на најновата обемна книга д-р Зоран Доревски,  во време на атентатот  главен инспектор во Управата за обезбедување одредени личности […]

Сончево и топло со температури до 26 степени


– Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови ќе биде повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Мирко Тодоровски


Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Мирко Тодоровски ќе одржи пристапно предавање на тема „Електроенергетски системи во ера на енергетска транзиција – очекувани предизвици“.  Проф. д-р Мирко Тодоровски е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите на Изборното собрание на МАНУ, одржано на 7 ноември […]

Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша „морално обврзувачки“ документ за вештачката интелигенција (ВИ). „Тоа на некој начин е како устав и го потпишаа најголемите луѓе во светот, го потпишав и јас како претседател и тоа навистина е еден вид заштита“, изјави Трамп пред новинарите по состанокот. Документот […]

Поранешната потпретседателка на Костарика води во трката за генерален секретар на ОН


Њујорк – Неформалното гласање во Советот за безбедност на ОН вчера покажа дека поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспан, води во трката за 10-ти генерален секретар, велат извори. Четвртото тајно гласање на 15-члениот совет следеше по собирот на светските лидери на Генералното собрание минатата недела. Првото и третото гласање, одржано во јули и септември, исто […]

Трамп нареди промена на името за вештачката интелигенција


Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на федералните агенции да го заменат терминот „вештачка интелигенција“ со „суперинтелигенција“. Трамп верува дека зборот „вештачка“ ги намалува вистинските можности на технологијата. Тој исто така нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „голема предност“ во однос на другите земји, вклучително и Кина. „Имаме голема предност и […]

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија


Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 2:0 синоќа во Љубљана од Словенија во вториот дуел од групата од Лигата на Нациите. По првиот дел во кој домаќинот беше подобар ривал, головите беа постигнати во вторите 45 минути. Словенија поведе во 52.минута преку Санд Ловриќ, кој ја казни грешката на нашата одбрана. Во продолжението селекторот Гоце […]

Астрономски календар


Денеска е среда,30 септември 2026 година, 273-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 92 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 29 минути, а ќе зајде во 18 часот и 17 минути. Денов трае 11 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а […]

Тирана ги прогласи за почесни граѓани Хашим Тачи и другите тројца осудени во Хаг


  Собранието на градот Тирана денес едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Ерион Вељиај за прогласување за почесни граѓани четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, кои беа осудени за воени злосторства во постапка од прв степен. Предлогот го признава придонесот на четворицата поранешни водачи на ОВК во војната за ослободување на Косово, „неговиот […]

Се урна руски стратешки бомбардер „Ту-95МС“. Загинаа шест члена на екипажот


  Руски стратешки бомбардер-носач на ракети „Ту-95МС“ се урна за време на лет за обука во Амурската област, Сибир. Загинаа шест члена на екипажот, а уште еден припадник на војската е повреден и хоспитализиран, соопшти руското Министерство за одбрана. Според агенцијата, авионот летал без муниција и се урнал во ненаселена област. Официјалната причина за несреќата […]

Двајца министри од владата на Орбан уапсени за поткуп и злоупотреба на јавни фондови


  Двајца министри во поранешната крајно десничарска влада на Виктор Орбан, осомничени одделно за злоупотреба на милиони евра јавни средства и земање уште милиони мито, се приведени, неколку часа откако унгарските пратеници гласаа за укинување на нивниот имунитет. Обвинителите во вторникот изјавија дека Балаж Ханко, министерот за култура на Орбан и сè уште пратеник во […]

Уставен суд на Црна Гора: Вакцинациите се услов децата да одат во градинка


Децата во Црна Гора ќе мора да бидат вакцинирани во согласност со програмата за задолжителна имунизација за да останат во јавни и приватни градинки, одлучи денеска Уставниот суд. Уставниот суд оцени дека таков услов не е спротивен на Уставот на Црна Гора.Одлуката е донесена со пет гласа „за“ и два „против“. Исклучок останува за децата […]

За време на истрагата во базата на РАФ Ферфорд не се пронајдени експлозивни направи


Британската антитерористичка полиција соопшти дека не се пронајдени импровизирани експлозивни направи во истрагата за сомнителни возила паркирани во близина на базата Ферфорд на британската кралска воздухопловна сила (РАФ), што ја користат американските сили за напади врз Иран. Полицијата објави дека за време на претресот на возила, на самото место е пронајдена одредена количина бензин, пренесува […]

Премиер лигата објави детали од пресудата против Сити. Мамеле со милијарда евра


Премиер лигата објави детали од пресудата против Манчестер Сити во најголемиот финансиски случај во историјата на англискиот фудбал. Независна комисија го прогласи Сити за виновен по сите обвиненија поврзани со сериозни прекршувања на финансиските правила во текот на девет сезони, како и повеќе обвиненија за несоработка за време на истрагата. Ова е официјална потврда откако […]

Русија не покажува интерес за сериозни мировни преговори за Украина и покрај средбата Лавров-Вадефул во ОН, вели Мерц


Средбата меѓу германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот руски колега Сергеј Лавров докажа дека Русија воопшто не е заинтересирана за сериозни мировни преговори за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Правиме многу интензивни дипломатски напори“, рече германскиот канцелар, осврнувајќи се на ненадејната средба меѓу Јохан Вадефул и Сергеј Лавров пред говорот […]

Токсичното наследство од 11 септември: 25 години подоцна,епидемијата на рак дури сега излегува на виделина


Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 септември, токсичната прашина што го покри Долен Менхетен продолжува да остава сериозни последици. Сè повеќе луѓе страдаат од рак, вклучувајќи го и реткиот мезотелиом поврзан со изложеност на азбест, а новите документи дополнително го поставуваат прашањето колку биле погрешни официјалните пораки во тоа време дека воздухот […]

НАТО ќе организира голема вежба во Европа


НАТО и американската армија се обидуваат да ја подобрат својата соработка во Европа преку воена вежба од големи размери, која ќе опфати територијата од Северна Норвешка до Црното Море, изјави претставник на германската армија, цитиран од ДПА. Околу 2.000 воени лица од редовите на членки на НАТО ќе учествуваат во годишната вежба Avenger Triad од […]

Кој ќе го преземе германскиот енергетски гигант?


Германскиот енергетски гигант RWE и инвестициската компанија KKR се здружија, според информирани извори, за да поднесат необврзувачка понуда за преземање на германската енергетска компанија Uniper, која моментално е во мнозинска државна сопственост. Според информациите од агенцијата Bloomberg, до крајниот рок минатата недела, необврзувачки понуди поднесоа норвешката енергетска компанија Equinor, како и инвестициската компанија Brookfield (Brookfield […]

Пентагон ќе ги намали позициите на генерали и адмирали за 20 проценти


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ќе објави план за намалување на бројот на генералски и адмиралски позиции во американската војска за 20 проценти, како дел од реорганизацијата на Пентагон. Фокс њуз објави дека Хегсет ќе го открие планот утре за време на обраќањето за состојбата на американските оружени сили во Квантико, Вирџинија. Според меморандуми […]

Британската полиција ослободи петмина осомничени за тероризам


 Британската полиција ги ослободи со кауција петте мажи уапсени под сомнение за планирање терористички напад врз воздухопловната база на РАФ Ферфорд, што ја користи и американската војска. Шефот на британската антитерористичка полиција, Лоренс Тејлор, изјави дека ослободувањето на осомничените не значи дека истрагата е завршена. „Тие се уште се под истрага додека разгледуваме повеќе правци […]