За време на истрагата во базата на РАФ Ферфорд не се пронајдени експлозивни направи


Британската антитерористичка полиција соопшти дека не се пронајдени импровизирани експлозивни направи во истрагата за сомнителни возила паркирани во близина на базата Ферфорд на британската кралска воздухопловна сила (РАФ), што ја користат американските сили за напади врз Иран.

Полицијата објави дека за време на претресот на возила, на самото место е пронајдена одредена количина бензин, пренесува Скај њуз.

Шефот на Националната антитерористичка служба на Велика Британија, Лоренс Тејлор, изјави дека сомнителните возила пронајдени во близина на базата биле „детално испитани, поддржани од воени ресурси и форензички експерти“.
Претрес е направен и во неколку објекти во Лондон. 

Истрагата за петте осомничени, кои беа уапсени во неделата, а подоцна ослободени со кауција, продолжува.