Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања


Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за […]

Полицијата за ненадејната смрт на Хeјден Панетиер: „Нема знаци на насилство“


Лос Анџелес – Холивудската актерка Хејден Панетиер, позната по своите улоги во ТВ сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Полицијата соопшти дека немало знаци на насилство. Реакција на полицијата Детективите потврдија за Дејли Меил дека вчера попладне одговориле на повик до службите за итни случаи. Повикот го упатил познаник на актерката, кој пријавил […]

„Мета“ на суд: Ако изгуби, Инстаграм и Фејсбук би можеле радикално да се променат


  Судењето, кое е закажано да започне во вторник, е резултат на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави во која се тврди дека се прекршени бројни федерални и државни закони за приватност на децата. Федералните држави бараат повеќе од милијарда долари отштета од Мета, како и бројни промени на Инстаграм и Фејсбук. […]

38. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ викендов со учесници од шест земји


Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што […]

Белгија се бори со најголемиот пожар во историјата на земјата, Европа брои жртви


Белгискиот крал Филип утрово ќе ја посети областа погодена од она што се верува дека е најголемиот шумски пожар во историјата на земјата, по викендот интензивно гаснење пожари во природниот резерват Горни Фањи. Пожарот беснее од петок попладне, горејќи повеќе од 3.000 хектари земја, покажуваат привремените бројки. Во текот на викендот, пожарот се приближи до […]

Две музички содржини на „Охридско лето“ – концерт на млади виолинисти и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан


Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две музички содржини – завршен концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан. На завршниот концерт ќе се претстават најуспешните учесници на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, кој од 2014 година се одржува во Охрид под уметничко […]

Документарецот на Милчо Манчевски за пожарот во Кочани со емотивна светска премиера во Сараево


Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал.  После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се […]

Британскиот премиер се допишувал со лажна советничка на Трамп


Откако Енди Барнам стана премиер на 20 јули, тој разменил „неколку пораки“ со измамник кој се претставил како Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на Белата куќа. Британскиот премиер Енди Барнам разменувал пораки со некого кој лажно се претставувал како една од најблиските советнички на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Политико“, повикувајќи се на четворица владини извори. Измамникот тврдел […]

Милена Зупанчич, љубовниот триаголник и последниот кадар од нејзиниот филм


На денот на заминувањето на можеби најголемата словенечка актерка Милена Зупанчич (1946-2026), славниот режисер Рајко Грлиќ се потсетува на својот документарец „Секоја добра приказна е љубовна приказна“ (2017) за Милена Жупанчиќ, Радко Полич и Душан Јовановиќ и го подарува тој филм на читателите на „Велике приче“. Пишува: Рајко Грлиќ   Милена беше сè што може […]

СДСМ контра Мицкоски: Не може инфлација од 2,3 отсто да биде успех ако цените се до „небо“


Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика. Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година – годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало околу 14 %, се наведува во соопштението на СДСМ. „2022 година, година […]

Левица: Три години се крши Законот за субвенциониран студентски оброк


На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко […]

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Центар


Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина […]

Македонска премиера на „Уна“ на „Звездара“ од Белград : Празник на театарот на „Охридско лето“


Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.  Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да […]

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела


ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе […]

Трамп за договорот од Мека: Ова покажува дека Блискиот Исток може да биде обединет и полесно да се брани


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го коментираше заедничкиот одбранбен договор потпишан на 7 август во Мека од страна на лидерите на Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, оценувајќи го како важен прв чекор. Трамп на социјалната мрежа Truth Social изјави дека договорот од Мека покажува ново зближување меѓу земјите од Блискиот Исток. Во објавата, тој им […]

Колку нафта всушност излегува од Персискиот Залив?


Нафтениот пазар дебатира: Дали Ормускиот теснец е „поотворен“ отколку што мислевме? Општо е прифатено дека клучниот воден пат е всушност затворен за сообраќај на танкери за нафта. Иран отвори оган врз десетици танкери кои се обидуваат да поминат низ теснецот. Услугите за поморско следење, кои користат комбинација од транспондерски податоци и сателитски снимки, објавија значителен […]

Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради пестицид


Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.Откако било потврдено дека нивото на пестицидот […]

Мрачни прогнози на светскиот пазар на жито, се заканува ли недостиг?


Дали светот ќе се соочи со недостиг на пченица и дали ќе има зголемување на цените на житото на светскиот пазар? Имено, Украина и Русија, како што најавуваат локалните аналитичари, најверојатно ќе произведуваат и извезуваат помалку жито оваа година отколку во претходните години, што би можело да предизвика недостиг од повеќе од една четвртина од […]

„Живееме меѓу ѓубре, смрдеа и стаорци“: Жители на Маџир Маало бараат итна реакција


  Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци. „Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска […]

Родри доби дозвола да отпатува во Барселона за да го комплетира трансферот


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, доби дозвола денес да отпатува во Барселона за да го комплетира својот трансфер во каталонскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Барселона закажала медицински прегледи за 30-годишниот Шпанец, кој треба да потпише четиригодишен договор оваа недела со важност до јуни 2030 година. Се очекува договорот да биде вреден […]