„ХЕРЕ“ ја мапира Македонија во 3-д


Германската компанија „ХЕРЕ технологии“ (HERE Technologies), како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, а во рамки на напорите да се понудат најнапредните мапи на светот, од следната пролет ќе мапира високо чувствителни тридимензионални (3-д) форми на РС Македонија.  „ХЕРЕ“, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и […]

Песков: Украина мора да ги повлече војниците од Донбас за да ја запре војната


За да ја запре војната, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Неколку пати изјавивме дека, за да се запре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас. Ова мора да се направи. Ова навистина би го олеснило […]

Парализата на балтичките пристаништа ги парализира и руските нафтени компании


  Пред војната на Блискиот Исток, руското производство на нафта опаѓаше три месеци по ред поради заострените санкции, намалените индиски набавки и рекордните попусти на руската сурова нафта. Зголемувањето на залихите во март поради затворањето на Ормускиот теснец изгледаше дека веројатно ќе го зголеми производството. Всушност, тоа повторно ќе се намали, бидејќи нападите со дронови […]

Траоре: Демократијата не е за нас, мора да ја заборавиме!


Воениот лидер на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, изјави дека „луѓето мора да заборават на демократијата“ и дека „демократијата убива“. Траоре, кој ја презеде власта со државен удар во септември 2022 година, претходно вети дека ќе одржи избори во 2024 година, но сега изјави дека тие нема да се одржат сè додека земјата, која повеќе од […]

Кина ја има најголемата црешова градина во светот


Најголемата градина на црешови цветови во светот е Пингба во Гуиџоу, југозападна Кина, каде што 700.000 дрвја покриваат 1.600 хектари во прекрасно море од розова боја.  Што се однесува до поединечни дрвја, древните, познати дрвја во Јапонија како што е 2.000-годишната Јаматака Џиндаи Закура се сметаат за најголеми, додека Градината Алнвик во Велика Британија е […]

Макрон ги повика „средните сили“ во сојуз против Америка


  Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика таканаречените „средни сили“ да се обединат и да им се спротивстават на САД и Кина, објави Блумберг. Макрон ја истакна таа порака како силна поента за време на неговата посета на Азија оваа недела, каде што разговараше за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец и зајакнувањето на соработката […]

Легендата на Ливерпул Џон Барнс во Македонија


Во организација на Здружението на навивачите на Ливерпул од Македонија големата ѕвезда на Ливерпул Џон Барнс во деновите на викендот ќе биде гостин во Македонија. Главниот настан ќе се одржи во сабота во Битола во „Клуб Расчекор“, каде настанот почнува во 12 часот, а ќе има и заедничко гледање на дуелот од четвртфиналето од ФА […]

Вилијам и Кејт ја пропуштија Кралската велигденска служба трета година по ред


Лондон – Како и со сите големи празници, кралското семејство е познато по тоа што го слави Велигден на многу појавен начин отколку што би можеле повеќето луѓе. И оваа година не беше исклучок – освен принцезата Кејт и принцот Вилијам. Kралот Чарлс III и кралицата Камила го започнаа викендот со присуство на Кралската света […]

Во првиот квартал вкупните приходи во Буџетот биле 81,2 милијарди денари, а расходите 106,3 милијарди


Министерството за финансии денеска соопши дека реализацијата на буџетот е стабилна во првите три месеци од годината и се бележи раст на приходната страна. – Вкупните приходи во буџетот достигнаа 81,2 милијарда денари, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7 […]

Билтенот полн насилници: Ги малтретирале сопругите, децата, татковците…


Повеќе случаи на семејсно насилство нотира денешниот полициски билтен, а сите се однесуваат на жители на главниот град.  Имено, ноќеска,  во 1 часот по полноќ, во СВР Скопје 52-годишна жена пријавила дека претходниот ден, во домот на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, […]

Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак


„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир.  За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, […]

Волонтери од Црвениот крст и „Градинарот“ ги „светнаа“ скалите на кејот во центарот на Скопје


Волонтери од Црвениот крст при Град Скопје заедно со активистот Андреј кој стана познат под псевдонимот „Градинарот“ го „светнаа“ кејот во центарот на главниот град.  Ова фрекфентно место, се чини, не може да остане чисто подолго време. Токму затоа, во пресрет на убавите пролетни денови, овие луѓе ги засукаа ракавите и го исчистија овој дел од […]

Андоновски: Годинава ќе бидеме подготвени за електронски попис на населението


Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано […]

Филмот „17“ со нови меѓународни фестивалски проекции во април


По светската премиера на овогодинешното Берлинале, долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ го продолжува својот фестивалски живот со учество на три меѓународни филмски фестивали во првата половина на април. На 8 април филмот ќе има премиерни проекции на 50. Интернационален филмски фестивал во Хонг Конг (Hong Kong International Film Festival) и на […]

Се гради плоштад до салата „Расадник“


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. „Овој значаен проект за нашата општина го реализираме со средства од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во […]

Промоција на романот „Немам страв“ од Трајче Стамески на 7 април во Салон 19,19


Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на  промоција на романот  „Немам страв “ од Трајче Стамески, во издание на издавачката куќа „ПАНИЛИ“, на 7. април 2026 год. во 19:19 часот  во Салон 19:19. Промотори и разговор со авторот: Венко Андоновски и Весна Мојсова-Чепишевска Извадоци од романот ќе читаат :студенти од Филолошки факултет„Блаже Конески“ – Скопје Модератор: Ана Љубиќ […]

Дали државата се откажува од тутунарите кои садат на туѓи ниви?


  БИТОЛА – Новите критериуми за субвенционирање на тутунарите внесуваат забуна, немир и револт кај земјоделците. Тутунарите кои не се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства остануваат без право на субвенции по килограм предаден тутун. Најмногу ќе настрадаат оние тутунари кои работат земја со нерешени имотно-правни односи, а ги има многу. Со многу нерешени […]

Ќе се потпише договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора


На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе […]

Меган и принцот Хари не се поканети на Мет Гала 2026


Поканите за најголемиот моден настан беа испратени оваа недела, и се чини дека целиот Лос Анџелес беше поканет, освен војводата и војвотката од Сасекс. Мет Гала: Кој е на листата? Со овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 4 мај, копретседатели се Бијонсе, Никол Кидман, Венус Вилијамс и глобалната уредничка директорка на Вог, Ана […]

Европа може да се соочи со недостиг од дизел и гориво за авиони најдоцна во мај


Азија досега е најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа може да се соочи со недостиг од дизел и гориво за авиони најдоцна во мај, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол. Иран одговори на американско-израелските напади врз енергетската инфраструктура со напад врз енергетски објекти во други […]