Реконструкција на грчката влада поради измама со субвенциите од ЕУ


Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис денеска ја реконструираше владата, обидувајќи се да ги ограничи последиците од скандалот за наводна измама со земјоделските субвенции од Европската Унија. Европските обвинители минатата година поднесоа обвиненија против десетици грчки одгледувачи на добиток за фалсификување документи за сопственост на пасишта со цел да добијат право на неколку милиони евра субвенции […]

Во Србија поскапеа горивата. Ова се новите цени


Во Србија, од денеска горивата имаат нови повисоки цени. Почнувајќи од 15 часот на пумпите во Србија, литар евродизел ќе чини 214 динари (околу 112 денари), а бензинот 189 динари (околу 99 денари). Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок, 10 април. Во споредба со минатата недела, двата деривати се поскапи за еден […]

Цените на недвижностите во Хрватска се зголемија за 14,1 отсто


Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година беа во просек за 14,1 процент повисоки од претходната година, според податоците на Централниот завод за статистика  објавени денес. Во исто време, цените на новите станбени објекти се зголемија во просек за 13,1 процент, додека цените на постојните станбени објекти беа повисоки за 14,3 проценти, според […]

Во САД, во март беа отворени 178.000 нови работни места, невработеноста се намали на 4,3 отсто


Американската економија создаде 178.000 нови работни места во март, што е далеку над пазарните очекувања и најмногу од декември 2024 година, додека стапката на невработеност малку се намали од февруарските 4,4 проценти на 4,3 проценти, според податоците објавени денес од Бирото за статистика на трудот (BLS). Овој резултат претставува закрепнување по падот од 133.000 работни […]

Новиот руски амбасадор ѝ ги предаде акредитивите на Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право, соопшти нејзиниот кабинет. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја […]

Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза


  ЕУ се подготвува за продолжен енергетски шок предизвикан од војната на Блискиот Исток и ги разгледува сите опции, вклучително и рационализирање на горивото и активирање на дополнителна нафта од резервите за итни случаи, изјави комесарот за енергија на ЕУ. Речиси целосното затворање на виталниот Ормуски теснец и нападите врз инфраструктурата во Персискиот Залив предизвикаа […]

Летните одмори ќе бидат поскапи. Цените на авионските билети растат поради трошоците за гориво


Цените на горивата на аеродромите растат многу побрзо од цените на бензинот или дизелот, но авиокомпаниите досега само малку ги зголемија своите цени. Сепак, оваа ситуација веројатно нема да трае долго. Цените на млазното гориво се дуплираа во последните два месеци, и иако цените на билетите досега се зголемија умерено, се очекува ова да се […]

Шведска заплени танкер од руската „флота во сенка“


Шведската крајбрежна стража соопшти дека запленила танкер за нафта во Балтичкото Море за кој се верува дека е дел од тајната флота на Русија и за кој се сомнева дека е извор на излевање нафта кај островот Готланд. Шведската крајбрежна стража ги засили своите напори во последните месеци за запирање на бродови поврзани со Русија. […]

Крај на една ера: Apple официјално го „згасна“ Mac Pro


Компанијата од Купертино официјално потврди дека Mac Pro се повлекува од продажба. Уредот беше отстранет од веб-страницата на Apple кон крајот на минатата недела. Страницата за купување на Mac Pro сега пренасочува кон главната почетна страница на Mac, која ги отстрани сите референци за овој модел. Apple, исто така, потврди дека нема планови да нуди […]

Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор


Граѓаните од католичка вероисповед во недела го слават Велигден. За нив, согласно календарот на неработни денови, неработен ден ќе биде 6. април (понеделник) – кога се слави вториот ден на Велигден.  За православните христијани, не овој што доаѓа, туку следниот викенд ќе биде продолжен. Практично учениците и работницте ќе имаат мини одмор, со оглед дека […]

Клучна година за изградба на регионалните депонии


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот. – Работиме на подготовка на документација, која очекуваме многу бргу да биде готова […]

Преку порталот uslugi.gov.mk најмногу се вадат изводи од матична книга


Електронските изводи од матичните книги на родените, е една од најкористените услуги во моментот на порталот uslugi.gov.mk ,  изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој потсети дека аплицирањето за електронски изводи од матичните книги на родените, венчаните, умрените и потврдата за слободна брачна состојба се достапни на електронскиот портал uslugi.gov.mk, што значи дека и аплицирањето […]

Глобалните цени на маслото и на шеќерот се зголемија


Цените на храната повторно се зголемија во март, при што цените на растителните масла и шеќерот нагло се зголемија поради очекуваното поместување на земјоделските инпути кон производството на гориво поради прекини во транзитот на нафта и нафтени производи низ Ормутскиот теснец, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените […]

Американците во мисија во Иран да ги спасат пилотите од соборениот авион


  Иран емитуваше снимки од наводна американска акција за пребарување и спасување, по тврдењата дека американски воен авион бил соборен над земјата порано денес. Иранските телевизиски канали споделија видео од хеликоптер за кој се вели дека лета ниско над руралните предели низ јужен Иран, очигледно обидувајќи се да го лоцира пилотот. Американската војска и Белата […]

Астронаутите од „Артемис II“ се упатија кон Месечината откако се ослободија од орбитата на Земјата


  Четирите астронаути од „Артемис“ го вклучија моторот на нивното вселенско летало за да се одвојат од орбитата на Земјата и да се упатат кон Месечината, пресвртница што ја става НАСА на првото лунарно прелетување со екипаж по повеќе од половина век. Со доволно потисок за да се забрза стационарен автомобил до брзина на автопат […]

Угостителите, маркетите, гранапчињата мора да имаат свои контејнери


Отсега сите угостителски објекти, ресторани, локали, барови, канцеларии и пазари, како и оние што вршат дејност трговија на големо и мало, ќе бидат должни да склучат договор за собирање и транспортирање на отпадот со ЈП „Комунална хигиена“. Субјектите, пак, ќе бидат должни претходно да вршат селекција на отпадот на местото на негово создавање, во посебни […]

Долнени добива нова комунална инфраструктура


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска оствари работна посета на општина Долнени каде изврши увид во тековните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина.   При посетата беше истакнато дека во тек е реконструкција и регулација […]

Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија


  Над 210.000 луѓе од Северна Македонија го докажаа своето бугарско потекло со документи, изјави бугарскиот заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков. Токму поради овие бројки Софија вели дека се потребни јасни гаранции за правата на бугарската заедница во Македонија. Во разговорот за БНТ Рајков нагласи дека вклучување на Бугарите во македонскиот устав е главен […]

Нов повик за инвертер клими, ќе се аплицира целосно електронски, без редици


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година, соопштија од Министерството. За прв пат, како што се посочува, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на […]

Азески ќе разговара со Коњановски за развојот на стопанството во битолскиот регион


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе реализира работна средба во општина Битола со градоначалникот Тони Коњановски, на која ќе се разговара за активности кои треба да се преземат на локално ниво, за развој на стопанството во битолскиот регион. Патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите се тема […]