Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, […]

Уапсен е осомничен кој фрлил бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, се трага по уште едно лице


Белград – Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Медиумите во средата […]

Без струја дел од Аеродром, Карпош и Илинден


 Без струја денес од 9 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите, од улица Струма во општина Карпош и дел од корисниците, на, Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во општина Аеродром. Како што соопшти Центар за управување со кризи без електрична енергија од 8:30 до 13:30 ќе останат и  дел од корисниците, на ул.8 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 5 февруари 2026 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  329 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минути, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути. Денов трае 10 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Ши Џинпинг развил параноја, оценува американското разузнавање


  Ши Џинпинг владее со Кина 14 години, прекинувајќи ја традицијата долга половина век на менување на раководството на Комунистичката партија (КПК) и земјата по два петгодишни мандати. Во 2027 година, Ши, кој стана најмоќниот кинески лидер од времето на Мао Цедунг, очигледно има намера да се кандидира за четврти мандат. Ова може да објасни […]

Ангелот со лицето на Мелони отстранет од фреската во римската црква


  Лицето на крилест ангел кој впечатливо личи на италијанска премиерка Џорџа Мелони е избришано од фреска во историска црква во Рим, со што се стави крај на дебаклот што го засрами Ватикан. Сликата на ѕидната слика во капелата на базиликата „Свети Лоренцо во Лучина“ во центарот на Рим беше отстранета преку ноќ, оставајќи го […]

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови


Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени беа тајно снимени за време на интимни третмани за убавина во салони за убавина, а снимките биле дистрибуирани на порнографски веб-страници без нивно знаење или согласност. Жените биле снимени со скриени камери, честопати целосно голи, за време на ласерско отстранување на влакна и други процедури. Некои од […]

Владата вечерва расправала за Реформската агенда


Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата. Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес […]

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година


Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија […]

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од […]

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп


Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор. На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, […]

„Вашингтон пост“ ја згасна спортската редакција и отпушти една третина од вработените


Вашингтон – „Вашингтон пост“ денес објави дека отпуштил една третина од своите вработени и дека спортската рубрика на весникот е згасната. Весникот започна со спроведување на големи намалувања на буџетот, вклучително и елиминирање на спортската рубрика и намалување на бројот на дописници. Извршниот уредник Мет Мареј ги објави промените на состанок на персоналот. На членовите […]

Документите на Епштајн ги потресoa кралските семејства


Објавувањето на 3,5 милиони документи поврзани со Џефри Епштајн од страна на американската влада покрена дополнителни прашања за врските на голем број истакнати личности со осудениот сексуален престапник. Поранешниот принц Ендру, неговата поранешна сопруга Сара Фергусон и Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во САД, се споменуваат постојано во најновата серија досиеја на Епштајн, како и […]

Ѓорѓиевски: За ЈП „Лајка“ обезбедени 30 милиони денари за проширување на капацитетите и создавање хумани услови за згрижување на бездомните кучиња


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека за ЈП „Лајка“ обезбедени се 30 милиони денари за проширување на капацитетите и создавање современи, хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. -Почитувани скопјани, ако во минатото ЈП „Лајка“ беше креирана за брзи партиски вработувања, од моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, таа авантура заврши. […]

Повеќе од сто илјади луѓе евакуирани поради поплави во северозападниот дел на Мароко


Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани. Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата […]

Земјоделците од цела Грција следната седмица ќе одржат дводневен протест во Атина


Протест на 13 и 14 февруари во Атина, со трактори и земјоделски возила, одлучија да одржат земјоделците од цела Грција на состанокот што попладнево се одржа кај месноста Никеа во близина на Лариса. Земјоделците, кои речиси два месеци, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини, преку протестот во Атина, сакаат уште еднаш […]

Известувачот на ЕП, Томас Вајц, е во земјава. Се сретнал со раководството на Влен


  Речиси инкогнито известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е во Македонија. За тоа немаше никаква најава, а јавноста дозна од преку соопштение од Собранието, дека тој се сретнал со ракводството на Влен. На средбата бил координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. […]

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од […]

Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер


Економската и трговска соработка и инвестициите, со посебен акцент на реализацијата на инфраструктурните проекти, биле во фокусот на средбата меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер. Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата се размениле информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание […]

Потребни се две години за конечна одлука за професионалните возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ


Од 1,5 до две години ќе бидат потребни за да се донесе конечна одлука во врска со должината на престојот на професионалните возачи од земјите од Западен Балкан во 29 европски земји, изјави денеска претседателот на Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ Неџо Мандиќ. Тој за Бета изјави дека е задоволен од досегашниот тек на разговорите со […]