Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн


  Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Норвешкиот министер за надворешни работи изјави дека ќе побара да се укине имунитетот на Јагланд како поранешен шеф на меѓународна организација за да се олесни истрагата. Политичари, познати личности […]

Трамп објави расистичко видео – Обама прикажан како мајмун во џунгла


Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео со теорија на заговор на социјалната мрежа Truth Social, на кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се прикажани како мајмуни, што предизвика остри осуди од истакнати демократи, објавија американските медиуми. Кон крајот на едноминутното вештачки генерирано видео, Обама се прикажани околу една секунда со нивните лица надредени […]

Обид за атентат во Москва: Застрелан висок руски генерал


Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва и итно префрлен во болница. Веста ја објавија државните медиуми, повикувајќи се на истражители, пишува Ројтерс . Според официјалните информации, непознато лице денес испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва, а потоа го напуштило местото на нападот. Ранетиот генерал е итно […]

СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега „брка вештерки“


  Помина една недела од објавувањето на големиот скандал со запленетите пет тони дрога во Србија, која во соседната земја влегла од Македонија, а институциите сè уште немаат одговор како овој товар поминал преку границата. Од СДСМ преку соопштение прашуваат кој ќе одговара за овој случај и кој од власта е вмешан во целиот процес. […]

Ристоска: Очекувам да бидам државен јавен обвинител, не се пријавив да ги нервирам премиерот и власта


Очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка , затоа и конкурив, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска. Ристоска и покрај „војната“ во која е со премиерот и ВМРО ДПМНЕ тврди дека очекува мнозинството на ВМРО ДПМНЕ да ја избере . „Не се пријавив да ја нервирам власта, […]

Демократски сојуз бара итна забрана на производство на марихуана


Демократскиот сојуз денеска побара македонското Собрание по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели. Во партиското соопштение се наведува дека досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Министерство за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 […]

„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија


 Издавачката куќа „Матица македонска“ ги повика читателите да побараат нејзини стари изданија во своите домашни библиотеки за што ќе додели награди во рамки на чествувањето на 35-годишнината од постоењето. – На нашите страници на социјалните мрежи ги повикуваме читателите да ја најдат најстарата книга што ја купиле во издание на „Матица“, да ја фотографираат и […]

Анкета: Речиси половина од Украинците сметаат дека владата е корумпирана


Мнозинството Украинци, 61 процент, продолжуваат да изразуваат доверба во претседателот Володимир Зеленски, но експерименталниот метод на анкетирање сугерира дека вистинското ниво на поддршка може да биде малку пониско. Ново истражување на јавното мислење покажува дека довербата во украинскиот лидер е во голема мера стабилна и покрај тековната војна, пишува Киев Пост. Според резултатите од националната […]

Истражување: Научници открија бактерии во бубрежни камења


Научниците за првпат пронајдоа цврсти докази дека бубрежните камења содржат бактерии, иако досега се веруваше дека станува збор за незаразна појава. Овие зацврстени кристални наслаги, составени од хемикалии присутни во урината, најчесто се поврзуваат со недоволен внес на течности или со висока концентрација на минерали. Сепак, новото истражување покажува дека причините за нивното настанување може […]

Вo јануари отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје


 ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и  2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е […]

НБА: Лејкерси ја совладаа Филаделфија, Дончиќ се повреди


Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од пет победи над Филаделфија, триумфирајќи со 119-115 пред своите навивачи, но лошата вест за клубот од Лос Анџелес е повредата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ. На крајот од првото полувреме, Дончиќ го напушти натпреварот, држејќи се за левиот бутен мускул. Сè уште не е познато колку е […]

Неофицијално запленети 27 тони марихуана во вчерашната акција


  Македонските безбедносни органи спроведоа акција во која се запленети 27 тони марихуана, поврзана со претходен шверц во Србија. Истрагата е насочена кон злоупотреба на лиценците за медицински канабис од страна на компанијата „Алфафарм“, отворајќи прашања за системските пропусти во контролата на овој бизнис сектор. Операцијата резултираше со одземање на вкупно околу 27 тони марихуана. […]

Европејците масовно се свртуваат против Америка


Европејците од западниот дел на континентот сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета која покажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако YouGov започна да спроведува вакви […]

Мулино: Панама нема да попушти пред Кина поради одлуката на судот за каналот


Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, изјави дека се надева дека тековната правна битка со фирма од Хонг Конг околу работењето на пристаништата на Панамскиот канал „нема да ескалира“, но дека неговата влада ќе остане цврста во својата одлука против компанијата. „Панама е достоинствена земја и нема да дозволи да биде загрозена од која било […]

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци


Милано– Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска […]

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто


Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3.4 %. Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %

Магла на патиштата во Струмица, Неготино и Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ. Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на […]

Дел од центарот на Скопје денеска без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација […]

Променливо облачно со дожд


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови. […]

Гаши учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, со фокус на вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството. Како што стои во соопштението на Собранието, учеството на Гаши на настанот е можност за зајакнување на пријателските […]