Првиот хардверски производ на OpenAI ќе биде слушалки со вештачка интелигенција


Според информациите на кинеската социјална мрежа Weibo, OpenAI се подготвува да го претстави својот прв хардверски производ, кој е слушалки напојувани од сопствениот модел на вештачка интелигенција на компанијата. OpenAI наводно одлучил засега да ги намали своите напори за хардвер, веројатно поради зголемените трошоци за хардвер. Претходно се шпекулираше дека OpenAI работи на мал нослив […]

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка


Првата мисија со човечки екипаж на Месечината по повеќе од 50 години би требало да полета во наредните недели. Артемида Два (Artemis II), мисијата на американската вселенска агенција НАСА, би можела да полета во кој било момент од март до почетокот на април, во зависност од низа фактори, меѓу кои се завршните проверки на леталото, […]

Американец изведе салто на една нога, дури и Ѓоковиќ го гледаше со чудење


Американскиот уметнички лизгач Иља Малинин продолжи да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, изведувајќи салто на една нога за време на слободната програма. Историскиот настап на Малинин му помогна на американскиот тим да го освои златниот медал, а неговиот настап беше оценет со 200,03 поени. Репрезентацијата на САД го заврши […]

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени


Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 […]

Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот во втор обид


Јапонија денес ја рестартираше најголемата нуклеарна централа во светот, соопшти операторот на централата, откако претходниот обид во јануари беше ненадејно прекинат поради мал дефект. Проблем со алармниот систем на централата во јануари го прекина првото рестартирање на централата од катастрофата во Фукушима во 2011 година, објавува France 24. Токиската електроенергетска компанија (TEPCO) објави дека електраната […]

Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа


Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изјави дека ќе изгради ѕид на границата со соседна Камбоџа и ќе ја држи границата затворена по неочекувано големата победа на неговата партија Бхумџаитаи на општите избори. Во телевизиско обраќање, тој исто така наведе дека сака да формира влада со силно мнозинство и оти во моментов ги очекува конечните резултати од […]

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена


Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот […]

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка   3+1+2 (златни+сребрени+бронзени)  2. САД            2+0+0 3. […]

Венецуелскиот опозициски лидер Гуанипа е киднапиран само неколку часа по ослободувањето од затвор


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо. „Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во […]

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите


Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во […]

Унгарскиот кредит е јамка за граѓаните и спас за градоначалниците


Во предизборната кампања за парламентарните избори 2024 година две ветувања, поврзани со финансиите, на тогашниот предводник на опозицијата, сегашен премиер Мицкоски, посебно беа интересни. Првото, дека линеарно ќе ги зголемат пензиите за шест илјади денари а второто дека секоја година ќе издвојуваат од буџетот на државата по 250 милиони евра за инфраструктурни проекти во општините. […]

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026


Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната […]

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков


Едно лице загина, а две се повредени во напад на руски дрон во текот на ноќта врз Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација Олег Кипер. Тој на Телеграм објави дека во масовните руски напади врз регионот на Одеса се оштетени станбени згради, како и дека избил пожар во една од зградите и на автомобилите паркирани […]

Шпанските владејачки социјалисти претрпеа нов пораз во Арагон на регионалните избори


Шпанските владејачки социјалисти претрпеа уште еден тежок пораз на регионалните избори во североисточниот дел на земјата, со што се зголеми притисокот врз малцинската влада на премиерот Педро Санчез. Во автономниот регион Арагон, Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) падна за повеќе од пет процентни поени на 24,3 отсто, што е нејзин најлош резултат таму досега, според официјалните […]

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи


 Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 […]

Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија


Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина. Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината


елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, каде се очекува да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од […]

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа денеска беше ослободен од притвор по повеќе од осум месеци, рече тој во видео порака објавена на социјалните мрежи. Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината […]