Египет очекува промени во владата по изборот на нов парламент


Египетскиот Претставнички дом свикува седница утре, 10 февруари, за да разгледа, според зборовите на генералниот секретар на институцијата, „важно прашање“, во услови на големи очекувања за промени во владата, пишува весникот „Ал Ахрам“. Нов кабинет се формира на почетокот на секој парламентарен циклус преку целосна или делумна промени во раководните структури на министерствата. Според Уставот, […]

Русија подготвува нова голема офанзива во Украина ова лето


  Руската воена команда веројатно планира нова голема офанзива во јужна и/или источна Украина во летото 2026 година, користејќи ограничени стратешки резерви, според Институтот за проучување на војната (ИСВ). Според Институтот, подготвителните мерки веќе се започнати, а самата кампања би можела да започне кон крајот на април. Главните области за можен удар според ИСВ се […]

Лидерот на лабуристите во Шкотска побара оставка од премиерот Стармер


  Анас Сарвар, лидерот на Лабуристичката партија во Шкотска, го повика британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка во понеделникот – што е голем удар врз опаѓачкиот авторитет на Стармер. „Мојот прв приоритет и лојалност се кон мојата земја, Шкотска. Расеаноста треба да заврши. И раководството на Даунинг стрит треба да се промени“, им рече […]

Швајцарскиот втор тим до злато во тимската комбинација


Швајцарскиот втор тим стигна до златниот медал во тимската комбинација. Тандемот Фрањо фон Алмен и Танги Неф беа најбрзи со постигнато време 2:44.04 минути, фон Алмен се натпреваруваше на патеката за спуст, додека Неф во слалом, каде што имаше и најдобро време. Сребрениот медал го поделија тимовите на Австрија 1 и Швајцарија 1, кои имаа […]

„Тивка војна“ меѓу Битолскиот суд и Обвинителството за случајот со бизнисменот Марковски


  БИТОЛА – Се води ли „тивка војна“ меѓу битолскиот основен суд и обвинителството за ослободувањето од притвор на бизнисменот Борче Марковски, случај поврзан со РЕК „Битола“. Бизнисменот Марковски веќе трета недела е пуштен од притвор. Гаранцијата од речиси 5 милиони евра што ја даде во недвижен имот го ослободи од ефективен притвор, но сега […]

9 февруари во историјата – Заврши клучната битка за Гвадалканал во Пацификот


  Битката за Гвадалканал, водена од август 1942 до февруари 1943 година, беше една од клучните битки на Пацификот за време на Втората светска војна. Сместена на стратешки важните Соломонови Острови, кампањата го означи почетокот на сојузничките офанзивни операции против Јапонското Царство. По изненадувачкиот напад врз Перл Харбор во декември 1941 година, јапонските сили брзо […]

Шведска воведува построги правила за државјанство


Шведска воведува построги правила за државјанство, со кои се бара од кандидатите да живеат во земјата најмалку осум години, да заработат одредена сума пари и да положат тест за разбирање на шведското општество, соопшти во понеделник централно-десничарската влада. Следните влади воведоа построги имиграциски политики од 2015 година, кога околу 160.000 баратели на азил побараа засолниште […]

 Општина Кисела Вода нуди постојано собирање кабаст отпад – ќе ве чини 1.500 денари


  Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните […]

МО: Шугата кај професионалните војници не потекнува од касарната во Велес


Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во […]

Без една урната дивоградба владина мега-делегација ќе го уверува УНЕСКО дека презела мерки за Охрид


  Од Владата утрово соопштија дека дури четворица министри и двајца градоначалници отпатувале во УНЕСКО во Париз за да спречат да се прогласи Охридскиот Регион за загрозено културно наследство, иако во земјата не прават ништо да го оправдаат ваквиот енормен трошок на  сметка на државата. Уште повеќе, со оглед на тоа хотелот „Горица“ сѐ уште […]

Гаши за протестот на ССМ пред Собрание: Ние ќе работиме, а ќе го почитуваме и правото на протест на граѓаните


Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) закажани за 9 часот, кажа спикерот Африм Гаши. Тој на денешниот брифинг со новинарите изјави дека очекува протестот да помине мирно, и оти нема да има дополнително обебзедување на објектот. – На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има […]

УПОЗ извојува победа, бараа 30 отсто за 3.000 работници, а добија 40 проценти за 11.000, оценува Трендафилов


Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, запрашан денеслка за оцена на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Тизјави дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година УПОЗ барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3.000 работници, а сега добива 40 проценти за 11.000 работници. „Владата, веднаш […]

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб


Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во село Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ и […]

Шведска се залага за полесна депортација на криминалци без државјанство на ЕУ


Шведска предлага можност за депортирање на убијци, силувачи и други криминалци кои вршат сериозно насилство, а кои не се граѓани на ЕУ, а министерот за миграција на земјата, Јохан Форсел, ги повика колегите да ја поддржат реформата на меѓународните конвенции за да се овозможи ова. Планот е да се обезбеди криминалците да можат да бидат […]

Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет


Меѓународниот балкански универзитет го именуваше доц. проф. д-р Билал Суџубаши за нов претседател на Управниот одбор, со што започнува нова фаза во развојот на институцијата, насочена кон унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на меѓународната соработка. Одлуката беше донесена на годишниот состанок на Одборот на доверители на Фондацијата „ÜSKÜP“ и Управниот одбор, кој се […]

За една седмица констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“


Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, од вкупниот број регистрирани прекршоци […]

На натпревар за убавина на камили им инјектирале ботокс и хијалурон


Саудиската државна агенција објави дека дури 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина што се одржува близу Ријад. Фестивалот на камили во Саудиска Арабија го организира саудиското кралско семејство. Изборот за најубава камила трае еден месец и се одржува во пустината североисточно од Ријад. Жирито го избира победникот врз основа на обликот на главата, […]

Принс со „најдобро шоу на полувреме на Супербоул“ на сите времиња


Шоуто на полувремето на Супербоул стана една од најбараните сцени за секој уметник. Низ историјата на Супербоул, НФЛ беше домаќин на огромни ѕвезди кои ја предводеа големата сцена, а некои од нив имаа доволно иконски настапи за да се паметат со децении. „Њујорк тајмс“ ги рангираше 35-те најдобри настапи на полувремето на сите времиња, составувајќи […]

Уште еден висок член на тимот на Стармер поднесе оставка


  Тим Алан, директорот за комуникации на британскиот премиер Кир Стармер, поднесе оставка по само пет месеци на функцијата, а неговото заминување дојде еден ден по оставката на шефот на кабинетот на премиерот, Морган Мексвини. Алан во кратка изјава рече: „Одлучив да се повлечам за да дозволам да се изгради нов тим во Број 10. […]

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа


Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка […]