Македонските кошаркари со дуелот против Луксембург ги продолжуваат натпреварите за Евробаскетот 2029


Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал. Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) […]

„Парамаунт“ го купи „Ворнер Брос.“, „Нетфликс“ се повлече во последен момент


Пред помалку од една година, Дејвид Елисон водеше мала продуцентска компанија. Денес, тој е на работ да го преземе холивудскиот трон. Извршниот директор на „Парамаунт Скајденс“ се појави како победник во лицитацијата за „Ворнер Брос. Дискавери“ во четврток вечерта. Тоа беше плен што на „Парамаунт“ очајно му беше потребен за да преживее, а победата не […]

„Одговорив на секое нивно прашање“: Хилари Клинтон за сослушувањето во Претставничкиот дом на САД за Ептштајн


Сведочењето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн заврши по повеќе од шест часа. По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа […]

Стармер претрпе тежок пораз во упориште на лабуристите


  Британскиот премиер Кир Стармер претрпе голем политички удар откако неговата Лабуристичка партија загуби дополнителни избори во изборната единица Гортон и Дентон во Голем Манчестер, која ја контролираше речиси еден век. Поразот во едно од најбезбедните упоришта на лабуристите дополнително го потврдува распадот на традиционалната британска двопартиска политика. Ова е најголемиот изборен тест за лабуристите […]

Суд одби барање да се запре проектот на Трамп за сала за бал во Белата куќа


Американскиот федерален судија Ричард Леон го одби барањето на група за зачувување на културното наследство за привремено запирање на изградбата на сала за бал вреден 400 милиони долари, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го урна источното крило на Белата куќа. Судијата Леон оцени дека Националниот фонд за зачувување на културното наследство веројатно нема […]

Саем на образование и кариера денеска и утре во ТЦ „Скопје сити мол“


Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржува денеска и утре на вториот кат на ТЦ „Скопје сити мол“ во организација на студентската и младинската информативна платформа „Студентарија“. Во двата дена настанот ќе биде отворен од 11 до 16 часот, со бесплатен влез за сите заинтересирани. Како што е најавено, на отворањето […]

Воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции


 Пакистанските воздухопловни сили во текот на ноќта ги нападнаа воените објекти во соседен Авганистан по офанзивата на авганистанските талибански сили, соопштија официјални лица рано утрово, при што беа погодени цели во Кабул и провинциите Кандахар и Пактија. Портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид, ги потврди нападите на X, велејќи дека нема извештаи за жртви од […]

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека


 Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. -Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето седум децении […]

Балетот „Жизел“ на сцената на Македонската опера и балет


На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – […]

Барселона против Њукасл или ПСЖ: Денеска ќе се знаат двојките во осминафиналето од ЛШ


Во седиштето на УЕФА денеска (почеток 12 часот) ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето од годинашново издание од Лигата на шампионите. 16 екипи ќе се борат за пласман за финалето кое ќе се игра на 30.мај во Будимпешта. Според пласманот во 1/16 финалето слободни беа осумте првопласирани екипи: Арсенал, Барселона, Баерн, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, […]

„Чекори што не згаснуваат“ – концерт на ансамблот „Танец“ во чест на играорецот Симеон Чулев


„Чекори што не згаснуваат“ е насловен концертот на ансамблот „Танец“ во чест на играорецот Симеон Чулев кој почина неодамна. Концертот ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар. -Оваа незаборавна вечер е посветена на ликот и делото на Симеон Чулев кој замина прерано. Настанот ќе нè поведе низ емотивна музичка ретроспектива и […]

Сончево со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе […]

Гори фабриката за најстрашната руска ракета: Украинците извршија спектакуларен напад


  Во саботата, Украина изврши еден од своите најсмели напади од почетокот на војната, погодувајќи ја машинската фабрика Воткинск во оддалечен руски регион, на речиси 1.287 километри од нејзината граница. Ова е најдлабокиот напад што Украинците досега го извршиле користејќи оружје од сопствено производство Нападот е извршен со крстосувачката ракета Фламинго, која е развиена од […]

Уругвај и Аргентина го ратификуваа трговскиот договор ЕУ-Меркосур


 Уругвај и Аргентина се првите држави што го ратификуваа трговски договор помеѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур. Парламентот на Уругвај денеска го изгласа договорот, еден ден откако истиот беше усвоен од Сенатот. Набрзо и Конгресот на Аргентина го ратификуваше договорот. Се очекува за неколку дена и Бразил да им се придружи на своите два […]

Смени во владата на премиерот Рама


Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“, формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори. Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка […]

Откажан Светскиот куп во скокови во вода во Мексико


Светскиот куп во скокови во вода, што требаше да се одржи од 5 до 8 март во градот Запопан, во мексиканската сојузна држава Халиско, е откажан поради безбедносната состојба во земјата, објави денеска Меѓународната федерација на водни спортови (World Aquatics). „Оваа одлука следи по ограничувањата за патување издадени од некои меѓународни амбасади и по целокупната […]

При крај новиот објект на градинката „Изворче“ во Стар Аеродром – ќе ја посетуваат уште 200 деца


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршиле увид во завршната фаза од изградбата на новиот објект „Изворче“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“. Станува збор за капитален проект од огромно значење за овој дел од општината, каде што […]

Град Скопје и универзитетите ќе соработуваат за „Европска престолнина на културата 2028“


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за соработка со највисокорангираните универзитети во Македонија во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во реализацијата на проектот. -Со меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели […]

Известувачот на ЕП за Албанија, Шидер: Загрижувачка е корупцијата, поларизацијата и притисокот врз гласачите


Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ)  изрази силна загриженост за политичката ситуација и демократските права во земјата, објави агенцијата Балканвеб. Според истиот извор Нацрт-извештајот и Нацрт-резолуцијата за Албанија се нагласува дека политичката клима останува поларизирана и дека постојат индикации за притисок врз гласачите, прашања […]

Хилари Клинтон: Не знаев за злосторствата на Епштајн


 Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на денешното сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епштајн и Гилејн Максвел. – Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епштајн, наведе Хилари Клинтон во воведниот говор, што го сподели на социјалните мрежи. Таа и претходно […]