ЗОИ 2026: Норвежанецот Бот олимписки шампион во биатлон


Јохан-Олав Бот од Норвешка е олимписки шампион откако триумфираше попладнево на биатлонската трка на 20 километри. Тој оствари најдобар резултат и немаше ниту едно промашување на стрелиштето. Бот постигна време од 51:31.5 минута. Второто место му припадна на Французинот Ерик Перо, кој заостана 14.8 секунди зад победникот со едно промашување на стрелиштето, додека бронзата ја […]

Словенечка министерка до работодавачите: Нека пробаат да живеат со 1.000 евра минимална плата


  „Сите агенции за кредитен рејтинг ја подигнаа оценката за состојбата на нашите јавни финансии на историско ниво“, изјави словенечката министерка за инфраструктура Аленка Братушек по владината теренска седница во Радовљица за време на регионалната посета на Горењска, објави РТВ Словенија. Таа, исто така, изрази задоволство што земјата ја заврши минатата година со малку помал […]

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд


Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол. Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението. Во […]

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза


Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен […]

АХВ: Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња


Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено  е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и […]

Турската компанија Cavo Otomotiv ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат над 400 нови работни места


Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за […]

Три децении по атентатот на Глигоров: Била ли истрагата намерно попречувана?


  Три децении по атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, денеска се организираше научна конференција на која беше констатирано дека и сега, по толку години, нема одговори на клучните прашања и дека станува сѐ појасно дека инспираторите ќе се дознаат дури откако ќе умрат, со очигледна алузија дека тие што стојат зад тоа сѐ уште […]

Владата го утврди Предлог-Законот за Советот на јавните обвинители


  Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што информираат од Министерството за правда, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во Предлог-законот, како што посочуваат од Министерство за правда се: – детално […]

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред  


  Додека пред Собранието траеше блокадата која ја организираше Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра, внатре во собраниската сала траеше политичко надмудрување меѓу власта и опозицијата на истата тема. Епилогот е: не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа […]

„Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина – Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените


  „Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни […]

Кој е најголемата сензација на Игрите: Аутсајдер кој се плаши од висина стана олимписки шампион


Ова е приказна што постои само на Олимписките игри: човек кој се плаши од висина, никогаш не освоил Светско првенство и се откажал од скокање минатата година, сега го шокира светот и стана олимписки шампион. Олимписките игри се единствениот спортски настан во светот кој постојано докажува дека се поголеми од спортот. Ниедно друго натпреварување не […]

Работниците им го блокираа патот на пратениците до Собранието – еден помина


Претставници на ССМ, на чело со лидерот Слободан Трендафилов, утрово го блокираа пристапот на пратениците до македонското собрание, каде треба да стигнат на работното место за денешната закажана седница.   На двата пристапа кон Собранието стојат по 21 работник, кои не дозволуваат да поминат возила кои пратениците би ги донеле на работното место, но сепак, едно […]

Пиењето кафе и чај може да го заштити мозокот од деменција: големо истражување


  Луѓето кои пијат неколку чаеви или кафе дневно имаат помал ризик од деменција и малку подобри когнитивни перформанси од оние кои ги избегнуваат пијалaците, велат истражувачите. Здравствените картони на повеќе од 130.000 луѓе покажаа дека во текот на 40 години, оние кои рутински пиеле две до три шолји кафе со кофеин или една до […]

Мицкоски како медијатор меѓу министрите Беким Сали и Игор Филков


  Премиерот денеска во улога на медијатор ги смируваше острите тонови меѓу двајца министри во владата поврзани со полагањето на правосудниот испит. Христијан Мицкоски дека полагањето на правосудниот испит на албански јазик е прашање кое мора да се решава исклучиво во рамки на Уставот и законите и изрази подготвеност тоа да се регулира за јазиците […]

Медалите на олимпијците се кршат. Од што се всушност направени?


Милано Кортина –  Иако на прв поглед изгледаат како да се направени од чисто злато, медалите што спортистите ќе ги креваат на подиумот на Зимските олимписки игри во 2026 година се покажаа како проблематични – бидејќи се кршат. Холандската брзолизгачка Јута Лирдам (27), која го освои својот прв златен олимписки медал на 1.000 метри во […]

Естонија вели дека Русија планира да ја зајакне својата војска за да го промени балансот на моќ во Европа


Русија нема намера да започне воен напад врз која било земја од НАТО оваа или следната година, но брза да ги обнови своите вооружени сили додека Европа го забрзува своето вооружување, соопшти естонската служба за надворешно разузнавање во својот годишен извештај. Естонија, членка на НАТО што се граничи со Русија, е меѓу најострите критичари на […]

ЗОИ 2026: Клебо доминантно до златото во машкиот крос-кантри спринт


Норвешкиот скијач Јоханес Клебо освои олимписко злато во крос-кантри спринтот на Игрите во Италија. Клебо 1,6 км. ги мина со време 3:39,74 минути. Ова е втората победа на Норвежанецот на Олимписките игри во 2026 година. На 8 февруари, Клебо освои злато во скијатлон. Американецот Бен Огден (+0,87 секунди) го освои второто место во спринтот, додека […]

Њујорк: Најмалку 18 жртви на студениот бран, улиците постудени од Антарктикот


Њујорк – Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека најмалку 18 лица починале во градот за време на студениот бран и дека граѓаните, особено бездомниците, треба да побараат засолниште. „Од прес-конференцијата во петокот, уште еден жител на Њујорк го загуби животот на улиците на нашиот град како резултат на овој студен бран. Вкупниот број на […]

СДСМ ќе поднесе закон да се врати намалената плата од 30 отсто за административните службеници


  СДСМ ќе поднесе предлог за измена на Законот за административни службеници, со цел да се врати достоинството и независноста на законодавниот дом. „Ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, кој што власта го смени пред некое време и со која што измена вработените во собраниските служби ги стави на ниво на сите […]

Мурињо наскоро ќе ја преземе една од најдобрите репрезентации во светот?


ЖОЗЕ Мурињо наскоро ќе добие понуда да ја преземе португалската репрезентација по Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Португалската фудбалска федерација (ФПФ) наводно планира да го ангажира сегашниот тренер на Бенфика откако ќе истече договорот на сегашниот тренер Роберто Мартинез на крајот од турнирот, објави Goal.com. Желбата […]