АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. […]

Фејсбук воведе анимации за профилни фотографии со помош на Мета вештачката интелигенција


Мета целосно се посвети на вештачката интелигенција, а сега носи повеќе функции во оваа насока на својата социјална мрежа Фејсбук. Најновиот потег на Фејсбук е да им овозможи на луѓето да ја користат Мета вештачката интелигенција за да ги анимираат своите профилни фотографии. Мета вештачката интелигенција доаѓа и во „Фејсбук приказни и спомени“. „Рестил“ им […]

Ердоган ги смени министрите за правда и за внатрешни работи


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги смени министрите за правда и за внатрешни работи, во ненадејна реконструкција на владата. Во Службениот весник е објавено дека главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, ќе биде нов министер за правда и ќе го замени Јилмаз Тунџ, додека Мустафа Чифтчи, гувернер на источната провинција Ерзурум, е именуван за […]

Бизарна приказна на ЗОИ: Холандија сруши рекорд, но не освои медал


  Зимските олимписки игри донесоа една од најбизарните приказни на програмата досега. Холанѓанките поставија нов олимписки рекорд во брзо лизгање на кратки патеки, но ги завршија Игрите без медал. Тоа беше штафетата на 500 метри мешано, дисциплина во која Холанѓанките се сметаа за едни од главните фаворити. Сепак, исходот беше сè друго освен очекуван. Одлучувачкиот […]

ЗОИ 2026: Норвешка води на листата медалисти, денес ќе бидат доделени медали во шест дисциплини


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, лидер на листата медалисти е Норвешка. Норвежаните имаат освоено шест златни медали, два сребрени и четири бронзени – вкупно 12. По три злата имаат Германија, Швајцарија, Шведска, по два САД, Австрија, Италија и Јапонија.  Еден златен медал имаат освоено Франција, Чешка, Холандија и Словенија. Двоцифрен број медали […]

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра


Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).

Географот Милевски со објаснување за земјотресот: Расте Шара


Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, смирува дека нема простор за загриженост поради неодамнешните сеизмички случувања во регионот, посочувајќи дека тие се дел од природни и долготрајни геолошки процеси. „Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера […]

ФТ: Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера на 24 февруари да презентира план за одржување претседателски избори, кои би се одржале заедно со референдум за евентуален мировен договор со Русија. Оваа информација денес ја потврдија украински и западни претставници запознаени со планирањето, пишува Фајненшл тајмс. Минатата недела, Ројтерс објави дека, според рамката што ја дискутираа американските […]

Производителите на млеко во Србија најавија протест и блокада на Ибарска магистрала


Стотици производители на млеко од централна Србија, незадоволни од цената, откупот и неконтролираниот увоз на млеко, денеска со трактори ќе ги блокираат делови од Ибарска магистрала  Тие исто така планираа да истурат стотици литри млеко, со барање државата да воведе прелевмани (заштитни такси) со цел да се намали увозот на млеко и млечни производи и […]

„Ја забарикадиравме вратата со клупи“: Сведоштво на ученик за масакрот во Канада


Ученикот Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за Си-Би-Си. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите. „Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа […]

Трамп утре ќе го укине Законот за борба против климатските промени


Американскиот претседател, Доналд Трамп, утре ќе го укине законот од времето на претседателот Барак Обама, што служеше како основа за борбата против емисиите на стакленички гасови во САД, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Американскиот претседател со тоа ќе го „формализира укинувањето“ на законот од 2009 година, познат како закон за „откривање на […]

„Гугл“ издаде обврзница што планира да ја отплати за 100 години


Технолошкиот гигант „Алфабет“, сопственикот на „Гугл“, издаде исклучително редок сертификат за долг (обврзница) што планира да го врати за 100 години. Тоа е дел од план во кој компанијата има намера да позајми милијарди евра за да плати за развој на вештачка интелигенција. Одлуката е донесена затоа што „Гугл“ се подготвува да потроши двојно повеќе […]

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто


 Алатки за генерирана вештачка интелеганција (ВИ) во Северна Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година. Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во Естонија (82,8%) и во Чешка (78,5%). Најнизок […]

Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток


 Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да испрати уште еден носач на авиони на Блискиот Исток во услови на конфликт со Иран, јави синоќа информативниот портал „Аксиос“. – Имаме една армада која се движи натаму, а би можела да тргне и друга, рече Трамп во интервју за „Аксиос“, додавајќи дека „размислува“ за испраќање на уште една […]

„Планирале да пукаат во мојот хеликоптер“: Колумбискиот претседател вели дека имало заговор за атентат врз него 


Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека преживеал обид за атентат додека патувал со хеликоптер во понеделник вечерта. Вчера, за време на владина седница што беше емитувана во живо, Петро рече дека неговиот хеликоптер не можел да слета на планираната дестинација на карипскиот брег поради веродостојни информации дека ќе биде „застрелан“. Како резултат на тоа, хеликоптерот […]

Масакр во Канада. Најмалку 10 мртви, 25 повредени


Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот вооружен напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 25 лица се повредени. Шест лица се пронајдени мртви во средно училиште во Тамблер Риџ, уште две се пронајдени мртви во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, […]

Пренасочување на сообраќајот кај клучката Хиподром поради сообраќајка, магла на Стража и Плетвар


На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските […]

Проекција на документарниот филм „Тата“ на „Зимски МакеДокс“


Во рамките на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, денеска во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде прикажан документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследено со дискусија со режисерите и со експерти на темата.  Од МакеДокс го опишуваат „Тата“ како приказна за траумата и наследството на насилството, но и за храброста да се […]

Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од […]

Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи на црниот пазар повеќе се заработува


Лидерката на ЛДП Моника Зајкова го отвори прашањето за легализацвија на канабисот во македонија за да нема ситуации како ова што се случува сега. „Јас искрено веќе немам доверба зашто не се прави легализацијата. Што сме направиле ние? Добро се сеќавам дека сме ги правеле измените и заглавија во Комисијата за здравство, што тогаш беше […]