Поскапуваат дизел горивата


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени […]

„Плазма – Спортските игри за деца“ стануваат дел од нашата држава, преку спортот досега обединети речиси два и пол милиона деца


Со денешното потпишување на договорот меѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и Федерацијата на училишните спортови, земјава стана дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиони деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари, што ќе се одржат во […]

Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, денеска остварија средба со одгледувачите на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во Липково, Кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, на […]

Куп тепачки во државава заради паркинг, сообраќај или за ништо


Неколку тепачки нотира денешниот полициски билтен, а луѓе се тепале заради недоразбирања во сообраќајот, за паркинг, но и сопруга решила да го тепа сопругот. Вчера, во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за […]

Арбен Фетаи прави трето крило на Алијансата за Албанците


  Вицепремиерот Арбен Фетаи ги организира структурите на Алијансата за Албанците во рамките на „Вреди“ да се вклучат во новата партија што треба да произлезе од коалицијата. Тие вчера одржале состанок за основачко собрание. На состанокот бил усвоен концептот „Нов сојуз“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структурирање. Била донесена одлука за итно […]

„Старлинк“ почна постапка за регистрација на компанија во Црна Гора


Компанијата „Старлинк“ започна формални процедури за влез на црногорскиот пазар на електронски комуникации, а почетокот на обезбедување сателитски интернет услуги за корисниците во Црна Гора се очекува до крајот на вториот квартал од 2026 година, пишува порталот Банкар. Како што објави Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (EKIP), разговорите со претставници на оваа глобална […]

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти […]

Сиљановска до Бегај: Жителите на Пустец да се прашаат дали сакаат мигрантски кампови на нивната територија


  Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова повтори дека сме цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна […]

Тргна првиот товарен воз на новата железничка линија Будимпешта-Белград


  Првиот товарен воз на MAV Railtours тргна неколку минути по полноќ на новата линија Будимпешта-Белград. Оваа вест ја потврди генералниот директор на Унгарските железници (MAV), Жолт Хеѓи, на својот Фејсбук профил, пишува Н1 Србија. Хеѓи објасни дека линијата, означена со 150, која е реновирана со секојдневен товарен сообраќај, ќе биде тестирана во реални услови […]

Муцунски и комесарот Брунер разговарале за проблемите на превозниците


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер. На средбата, информираат од МНР, министерот Муцунски го истакнал континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласил посветеноста кон унапредување на […]

Спектакл во осминафиналето на Лигата на шампиони, ждрепката ги спои М. Сити и Реал


Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 се одржа во Нион, Швајцарија, напладне. Осумте победници од плејофот во нокаут фазата им се придружија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел од натпреварувањето, дефинирајќи го патот до големото финале во Будимпешта. Парови од осминафиналето: Манчестер Сити – Реал Мадрид Бодо/Глимт […]

Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ


Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ. Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој […]

Дете од четврто одделение донело нож во училиште – мајката тврди дека по грешка го ставила во неговото ранче


Дете од четврто одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. […]

Мараја Кери, Фил Колинс, Били Ајдол… Објавена листата на можни нови членови на „Рокенрол куќата на славните“


 „Рокенрол куќата на славните“ го објави списокот на можни нови членови кои треба да бидат примени во елитата. Листата номинирани за оваа, 2026 година, содржи 17 имиња од цел спектар жанрови – од класичен рок до поп, ар-ен-би и хип-хоп. На листата се наоѓаат следните музички уметници и групи: Мараја Кери, Фил Колинс, Били Ајдол, Мелиса […]

Граѓаните во еврозоната очекуваат инфлација од 2,6 проценти


 Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 2,6 отсто, што е пониско во однос на декемвриските 2,8 отсто и претставува најмала бројка во последните шест месеци, е заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јануаи објавено денеска. Анкетираните притоа очекуваат дека нивните номинални приходи во истиот период […]

(Видео) Македонија од годинава учесник на Спортските игри за млади


Денеска се потпишува договор помеѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ (Youth Sports Games) и Федерацијата на училишни спортови на Македонија и „Плазма“ Спортските игри за млади. Македонија, од годинава станува учесник на Спортските игри за млади, кои почнаа по иницијатива на Хрватска во 1996 година, а оттогаш се прошири на Босна и Херцеговина, Србија, […]

Вајц: Има конструктивни сили во Македонија и Бугарија за решавање на проблемот


  Извесtувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, е умерен оптимист дека може да се најде излез од ќор-сокакот за уставните измени и државава да тргне напред на пристапниот пат кон ЕУ. Во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во комитетот за надворешни работи, Вајц вели дека „конструктивните сили на […]

Општина Ѓорче Петров со 10.000 денари ќе субвенционира млади до 25 години за полагање возачки испит – Б категорија


Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години. -Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат […]

Џим Кери доби почесна награда „Цезар“, одржа емотивен говор: „Каков беше мојот француски?“


Џим Кери доби овации од високите претставници на француската филмска индустрија на 51-то доделување на наградите „Цезар“, каде што ја прифати почесната награда и одржа емотивен говор целосно на француски јазик. Ѕвездата на „Маската“ и „Како Гринч го украде Божиќ“ ја освои наградата, која традиционално се доделува на меѓународни филмски ѕвезди, а минатата година ѝ […]

Статистиката потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, вели Николоски


Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот […]