Апсењето ќе се памети по оваа фотографија на шокираниот Ендрју


  Шокираното, растроено лице на Ендрjу Маунтбатен-Виндзор, фотографирано по неговото ослободување од притвор, ќе стане најпаметната слика од неговото апсење во последните години, објавува Би-Би-Си. Фотографијата го прикажува Ендрjу згрчен на задното седиште од автомобил, со прстите испреплетени како да се моли или во обид да се заштити. Со крената јака како да се крие, […]

Сликата на Трамп осамна на зградата на Министерството за правда


Вашингтон – Синоќа во седиштето на Министерството за правда на САД во Вашингтон беше поставен БАНЕР со фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп и пораката „Направете ја Америка повторно безбедна“. Тоа е еден од највидливите знаци за влијанието на претседателот врз институцијата што некогаш го гонеше, објави NBC News. Министерството за правда традиционално работеше со […]

Снегот прави проблеми во Словенија, без струја 35.000 граѓани


Поради обилни снежни врнежи од снег во Словенија, околу 35.000 потрошувачи во областа Марибор и повеќе од 6.000 во областа Цеље се без електрична енергија. Влажните и лизгави патишта, тротоарите покриени со снег и паднатите дрвја предизвикуваат проблеми од Словенске Коњице до Марибор, Птуј и Горња Радгона. Екипи од компанијата „Електро Марибор“ се на терен. […]

Алушовски: Мора да извлечеме поука од овој пораз


 Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз во групата од Лигата на шампионите откако синоќа Висла славеше во Битола со 28:25. Ова воедно беше и прв натпревар европски за новиот тренер на битолчани и македонската ракометна легенда Стевче Алушовски. –  Не го отворивме дуелот како што сакаавме и не одигравме дел од она што […]

Мицкоски најави можно членство на Македонија во ЕУ веќе идната година


  Во врска со пристапувањето во ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски вчера на ТВ Канал 5, рече дека постои опција Северна Македонија да стане дел од блокот, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина. Изјавата на премиерот доаѓа еден ден откако […]

Бесплатен разглед на Скопје за меѓународниот Ден на туристички водичи


Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Ве поканува да се придружите на  одбележување на меѓународниот Ден на туристички водичи. Во сабота, 21 февруари, во 12 часот пред спомен куќата на мајка Тереза, улица Македонија. Асоцијацијата четврта година по ред го одбележува овој ден со бесплатен разглед на градот Скопје. Ден посветен на луѓето кои […]

Трипадвајзор: Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит


Вашингтон – Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата […]

Вчера уапсени четворица возачи: Возеле без возачка дозвола, со забрана за возење и нерегистрирано возило


  Вчера биле лишени од слобода четворица возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и поради управување нерегистрирано возило. Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четворица возачи, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден […]

Апсењето на Ендрју е срам, вели Трамп


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е „лошо за британското кралско семејство“, објави ДПА. Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин. Во разговор со новинарите на пат кон настан во […]

Во Италија промовирано ново вино инспирирано од филмот на Манчевски


Реномираниот италијански новинар и вински експерт Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот“ (на италијански Прима дела пјоџа), инспирирано од македонскиот и светски филмски класик на режисерот Милчо Манчевски. Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски […]

Нова нуклеарна сила на повидок: Саудиска Арабија би можела да збогати ураниум во договор со САД


Саудиска Арабија би можела да добие некаков вид збогатување на ураниум на територијата на кралството како дел од предложениот нуклеарен договор со САД, според конгресните документи и организацијата за контрола на оружјето. Како што пишува АП, ова предизвикува загриженост за ширењето на нуклеарно оружје додека нуклеарниот застој меѓу Иран и Америка продолжува. И сегашниот американски […]

Кичево една од потенцијалните локации за развој на мултимодален транспортен јазол 


  Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески заедно со градоначалникот на општина Кичево д-р Александар Јовановски и членови на Управниот одбор на СКСМ, ќе учествуваат на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, што ќе се одржи денеска, во хотел Атва Резиденс, с.Добреноец, Кичево. На седницата на која ќе присуствуваат и раководствата на регионалните […]

Тојота е единствената што никогаш не се сомневала во хибридите, затоа сега има милиони


Благодарение на долгогодишните инвестиции и вербата во хибридниот погон, Тојота продолжува да ја држи позицијата на светски лидер. Јапонците предвидуваат раст од 10 проценти во производството на автомобили до 2028 година, со класичните хибриди во преден план. Јапонскиот производител на автомобили долго време е меѓу најголемите во светот. Минатата година, Тојота го освои првото место […]

Колапс во Австрија поради снег: Затворен аеродромот во Виена, автобус затрупан од лавина


Силна зимска бура го погоди поголемиот дел од Австрија и предизвика хаос низ целата земја. Поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, виенскиот аеродром привремено го прекина сообраќајот, додека на патиштата се случуваат несреќи и сообраќајни метежи. Во Тирол, лавина затрупа автобус со патници. Лавина затрупа автобус во Тирол Застрашувачко сценарио се случи рано утрово […]

Белградски „Недељник“: Србија игра на картата за запирање на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан


  Наместо да соработува со своите партнери во Европската унија за деблокирање на процесот на европска интеграција, Србија игра на картата на запирање или дури и дебакл на плановите за проширување на тој блок кон Западен Балкан, а за таа цел би можела да ја дестабилизира Црна Гора, објави белградскиот магазин „Недељник“, повикувајќи се на […]

Прекршок е ако кочите на трепкачко зелено и ја загушите крстосницата – казната е 45 евра


Возачите треба да проценат дали да поминат на зелено светло ако видат дека со тоа ќе ја блокираат крстосницата, бидејќи улицата пред нив е веќе полна со возила. На ова предупреди министерот Панче Тошковски синоќа во гостување на ТВ21 затворајќи ги дилемите на некои граѓани што ако поминат на зелено светло на семафор, но поради […]

Еди Рама до Трамп: „Направете нешто… за судењето во Хаг“


  Во своето вчерашно обраќање на првиот состанок на Одборот за мир формиран од Доналд Трамп, албанскиот премиер Еди Рама го повика американскиот претседател да „направи нешто“ во врска со Специјализираните комори на Косово со седиште во Хаг, каде што им се суди на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и други поранешни команданти на Ослободителната […]

Џејмс Камерон смета дека преземањето на Warner Bros од страна на Netflix би било катастрофално: „Ќе се затвораат кината“


Џејмс Камерон напиша писмо во кое тврди дека успешниот обид на Netflix да го преземе студиото и стриминг услугата на Warner Bros би можел да предизвика огромни загуби на работни места, да ја промени кино сцената и да му наштети на извозот на филмови. Познатиот режисер неодамна испрати писмо до сенаторот Мајк Ли, претседател на […]

Мештаните подигаат ѕидови од песок, здиве морето кај Далмација


Далмација повторно беше погодена од бран нестабилно време. Циклонот што дејствува над голем дел од Јадранското Море донесе засилување на југот, дожд и грмотевици, а поради циклонската плима морето брзо се крева во Каштела, Сплит и Трогир. Врвот на влошување на времето е забележано во текот на ноќта, пишува Далмација Данас. Последиците од промената на […]

Речиси половина милион овци и кози умртвени во Грција за година и пол поради сипаниците


 Речиси половина милион овци и кози, односно 479.821 биле умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради сипаниците, според официјалните податоци од Министерството за земјоделство и Националната научна комисија за управување и контрола на сипаницата кај овци и кози, јави дописничката на МИА од Атина. Од надлежното Министерство информираа дека […]