САД ја продолжуваат лиценцата за НИС до 20 март


Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC) одлучи да ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена индустрија до 20 март. Министерката Дубравка Џедовиќ Хандановиќ потврди дека лиценцата е продолжена и го оцени тоа како добра вест за граѓаните на Србија. Информацијата за продолжување на лиценцата ја потврди и НИС, пренесува РТС.   […]

Проф. д-р Кузмановска на трибина во Битола: Трансплантацијата не е само медицинска процедура, таа е нов почеток, нова шанса и нов живот


Втора трибина во Битола посветена на Органодарителство во Македонија се одржа вчера во Битола, а како што соопшти Министерството за здравство целта е отворање поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата. МЗ нагласува дека на трибината учествувале врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и […]

Јужнокорејката Ким златна во брзо лизгање на 1.500 метри


Јужнокорејската натпреварувачка Џили Ким (21) ја освои титулата олимписки шампион во брзо лизгање на кратки патеки на 1500 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано. Ким во финалето за 0.374 секунди ја остави зад себе својата сонародничка и идол Минџонг Чои (27), која освои злато во оваа дисциплина во Пјонгчанг 2018 и Пекинг 2022. […]

Од продавниците уништени повеќе од тон небезбедна храна


Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништија 1010 кг небезбедна „здрава храна” во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај 14 оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ. Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените […]

„Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија


Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана. „Матица македонска“ од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, општествено одговорна компанија што прва се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на ул. „Максут Садик“ и „Пере Тошев“


 Прекинато водоснабдување денеска од 9:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Максут Садик“ и „Пере Тошев“, информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје. Прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул.Максут Садик“ бр.69 во Чаир. Како што наведуваат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје прекинот ќе трае до до завршување на зафатот. 

ЗОИ2026: Холандија го освои златото во штафетата во брзо лизгање


 Холандската штафета на кратки патеки во брзо лизгање, во состав Јенс ван ’т Ваут, Меле ван ’т Ваут, Теун Бур и Фрисо Емонс, ја освои титулата во трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано. Во неизвесно финале во кое позициите се менуваа од рунда во рунда, Холанѓаните ја минаа целта за […]

Девет членки на ЕУ се противат на вработувањето нови државни службеници. „Затегнете го ременот, како нас“


Европската комисија треба да се откаже од плановите за вработување на околу 2.500 нови вработени и зголемување на административните трошоци во време кога од главните градови се бара да го затегнат ременот, рекоа министрите од девет земји од Европската унија. Во писмо до комесарот за буџет, Пјотр Серафин, предводен од Австрија, министрите изразија остри критики […]

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица


Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска соопшти дека официјалниот број на жртвите во антивладините протести што избувнаа во Иран во декември и јануари е 3.117, пренесува ДПА. – Исполнувајќи го нашето ветување за целосна транспарентност кон сопствениот народ, иранската влада веќе објави сеопфатен список на сите 3.117 жртви на неодамнешната терористичка операција, вклучувајќи […]

Поранешниот принц Ендрjу беше уапсен. Бил Гејтс се откажа од говор. За овие моќни играчи, досиејата на Епштајн беа фатални


Откако Министерството за правда ја објави последната транша од е-поштата на Џефри Епштајн, голем број политички и бизнис лидери се најдоа под обновена контрола поради одржување контакт со него долго по неговата пресуда во 2008 година за барање проституција од малолетничка. Од апсењето на поранешен член на кралското семејство до милијардерите, дипломатите и академиците кои […]

Ужас на Игрите: Со лизгалка пресечено лицето на натпреварувачка од Полска


Полската Камила Селиер (25) е сериозно повредена во трката за брзо лизгање на 1500 метри. Во четвртфиналната трка, Селиер, легендарната Италијанка Аријана Фонтана, сопственичка на 15 олимписки медали, и Американката Кристен Сантос-Грисволд паднаа во еден момент. Во хаосот, лизгалката на Сантос-Грисволд ја удри Полјачката во лицето, веднаш над окото. Лицето ѝ беше исечено, мразот беше […]

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во изралекси напад во источен Либан


Најмалку 10 лица беа убиени, а 50 ранети во израелски напад во долината Бека во Либан. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале командни центри на Хезболах во областа Баалбек, дел од долината Бека. Хезболах сè уште не го коментирал инцидентот. Според изралекси извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах. Нападот е меѓу […]

Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати


Американската војска соопшти дека нападнала брод во источниот Пацифик за кој тврди дека бил вмешан во трговија со дрога, при што загинале три лица. Јужната команда на САД (USSOUTHCOM) објави снимки од нападот на својата веб-страница и соопшти дека бродот бил „вклучен во операции за трговија со дрога“. Порано оваа недела, уште три брода биле […]

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со […]

Николоски за проблемот на македонските превозници во Шенген зоната: Има неколку опции што се разгледуваат


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно […]

И министерот за локална самоуправа отиде на „аџилак“ во Будимпешта


  По бројните посети на другите министри и барем една негова, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска е ви Будимпешта на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Тибор Наврачич. Според соопштението на Министерството, двајцата министри разговарале за размена на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската унија, како […]

СДСМ му се извини на Орце Ѓеорѓиевски и даде забелешки


  По острата реакција на сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, околу тврдењата за чантата што ја носеше на отчетот на нејзиниот сопруг, СДСМ се извини, но при тоа даде и неколку забелешки. СДСМ тврдеше дека чантата била „Хермес“ и дека чинела 30.000 долари, а сопругата на Ѓеорѓиевски рече дека ја купила во Скопје […]

На Путин му ветиле пред војната дека 90 отсто од Украинците ќе ја поддржат руската инвазија, открива „Гардијан“


  Пред почетокот на војната со Украина во февруари 2022 година, Кремљ беше уверен дека огромното мнозинство Украинци ќе поддржат руска инвазија. Според „Гардијан“, повикувајќи се на податоци од европското разузнавање, Москва процени дека само 10 отсто од Украинците ќе бидат подготвени да се спротивстават на окупаторските сили. Остатокот (90%), според Кремљ, или активно ќе […]

Трамп ја нарече пресудата на Врховниот суд за царините „длабоко разочарувачка“


 Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов држи прес конференција по одлуката на Врховниот суд на САД да ги укине неговите царини. Тој почна со тоа што им кажа на новинарите дека пресудата на Врховниот суд била „длабоко разочарувачка“ и дека се срами од „одредени членови на судот затоа што немаат храброст да го сторат она […]

Министерството за култура на Грција потврди дека се автентични фотографиите ставени на продажба на „eBay“ од егзекуцијата на 200 Грци


Макроскопскиот преглед, извршен од искусни службеници на Министерството за култура и независни експерти, ја потврди автентичноста на материјалот, информираше министерката за култура на Грција Лина Мендони во однос на фотографиите од егзекуцијата на 200 Грци во Втората светска војна, што пред една седмица беа ставени на продажба на онлајн платформата за купување и продавање „eBay“, […]