Земјотрес од 5,6 степени на Тајван, нема податоци за штети


Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на североисточниот округ на Тајван – Илан, соопшти локалната сеизмолошка служба. Засега нема информации за штети. Потресот накратко ги затресол и зградите во главниот град Тајпеј, јавија локалните медиуми. Земјотресот се случил на длабочина од 66 километри, соопшти тајванската сеизмолошка служба.

Традиционални танци, храна и интерактивни работилници дел од „Кинески пролетен фестивал“


Традиционални танци, храна и интерактивни работилници се дел од денешниот настан „Кинески пролетен фестивал“, чија цел, како што појаснија организаторите, е доближување на богатата кинеска култура и традиција до учениците. Настанот е во организација на Меѓународното училиште НОВА – Скопје, Амбасадата на Народна Република Кина во Северна Македонија и Институтот „Конфучие“. Предвидено е обраќања да […]

Во Стопанската комора ќе се дебатира за моќта на дуалното образование


Стопанската комора денеска го организира настанот „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ – Прв заокружен проект од трите големи приоритети на Комората, за презентирање на резултатите и активностите што ги преземаше бизнис заедницата во процесот на имплементацијата на дуалното образование и инспирација за идните чекори во подигање на квалитетот. Воведни обраќања на […]

„Вечер на романтични балади“ во Битола


НУ Камерен оркестар на Битола свечено ќе ја отвори концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, соопштија од организацијата на настанот, што ќе почне во 20 часот во Офицерски дом – Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, како што е најавено, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма […]

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура […]

Мексико: 74 загинати во насилството по убиството на нарко-босот „Ел Менчо“


Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч. Владините трупи се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава […]

Златните олимписки хокеарки на САД ја одбија поканата да присуствуваат на обраќањето на Трамп за состојбата на Унијата


Женскиот американски хокеарски тим, кој го освои златниот медал на Зимските олимписки игри минатата недела во Милано и Кортина, ја одби поканата на претседателот Доналд Трамп да присуствува на неговото обраќање за состојбата на Унијата, објавија американските медиуми. „Искрено сме благодарни за поканата упатена до нашиот американски женски хокеарски тим, освојувач на златен медал, и […]

Експлозија во Москва, загинаа две лица


Две лица се убиени во раните утрински часови во експлозија пред железничка станица во Москва, соопшти локалната полиција. Московската полиција соопшти дека околу 00:05 часот по локално време, непознато лице се приближило до патролно возило на сообраќајна полиција на плоштадот пред Савеловската станица во центарот на Москва, по што следела детонација на неутврдена експлозивна направа. […]

Лидерите на ЕУ патуваат во Украина за да ја одбележат четвртата годишнина од војната


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Кошта, се очекуваат во Киевденеска, кога Украина ја одбележува четвртата годишнина од целосната руска инвазија. Двајцата шефови на ЕУ треба да присуствуваат на комеморативна церемонија со неколку европски лидери и да ја изразат својата солидарност со Украина. Тие, исто така, планираат да […]

„Ништо не е случајно“: За СДСМ куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено


Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО, за што со месеци зборува СДСМ, реагираа со соопштение од опозициската партија. „Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста“, велато од СДСМ. Како што наведуваат, прво со договореното враќање и […]

Тројца загинати при напад на американската морнарица врз брод во Карипско Море


Американската воена морнарица денеска погоди брод во Карипско Море, при што загинаа три лица. Армијата на САД на платформата Икс објави дека нападнатиот брод бил вклучен во трговија со наркотици. Од септември минатата година американската армија изврши повеќе од 40 напади врз бродови, за кои тврди дека се поврзани со трговија со дрога во Карибите, […]

Груби оди во куќен притвор со 24 часовен надзор од полиција


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на  јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот. Имено, откако утрово КПУ  затвор „Скопје“- Скопје, го извести […]

ОЈО бара куќен притвор за Груби, не може да се гарантира неговата лична безбедност во „Шутка“


  По речиси шест часа, заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. ОЈО пак, предлага куќен притвор за Груби, затоа што сам се предал, затоа што во најголем дел се обезбедени доказите во текот […]

„Политичка саботажа“: Европските лидери ја обвинија Унгарија за поткопување на поддршката за Украина


  Европските лидери ја обвинија Унгарија за саботирање на поддршката за Украина во пресрет на четвртата годишнина од целосната инвазија на Владимир Путин, откако пркосната Будимпешта ги блокираше новите економски мерки против Москва. Германија, Франција и другите земји-членки на ЕУ не успеаја да ја убедат владата на Виктор Орбан во понеделникот да го одобри најновиот […]

САД евакуира дел од дипломатскиот персонал во Бејрут поради тензиите со Иран


 Неименуван висок претставник на Стејт департментот денеска изјави дека се повлекува дел од персоналот од Амбасадата на САД во Бејрут, поради евентуален воен судир со Иран, – Континуирано ја проценуваме безбедносната ситуација и врз основа на нашите последни процени утврдивме дека е разумно да го намалиме нашето присуство на неопходен персонал, изјави неименуваниот извор. Тој […]

Британската полиција го уапси Питер Менделсон поради врските со Епштајн


  Доскорешниот британски амбасадор во САД, Питер Менделсон, е уапсен од детективи кои истражуваат тврдења дека извршил недолично однесување на јавна функција за време на неговото пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Видео снимките го покажуваат како е одвезен од својот дом со необележан автомобил кратко откако бил придружуван од својот дом од страна […]

Ново на skopjebus.mk: Надополни картичка онлајн – брзо и лесно


ЈСП „Скопје“, попладнево ја промовира новата функција ја надополнување картичка за возење со градските автобуски, која всушност функционира веќе неколку месеци. За да ја користите ви треба само мобилен телефон – картичка воопшто не е потребна! Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб […]

Како беше лоциран нарко-босот Ел Менчо: Детали за убиството на најбараниот човек во Мексико


Мексико сити – Мексиканскиот министер за одбрана, генерал Рикардо Тревиља Трехо, на прес-конференција даде детали за операцијата во неделата во која беше пронајден нарко-босот Немесио Осегуера Сервантес, познат како Ел Менчо. Според него, локацијата била откриена во петокот со помош на доверлив соработник на романтичниот партнер на Ел Менчо, која била однесена на имот во […]

Претскажана војна: Како ЦИА и МИ6 дојдоа до плановите на Путин за Украина и зошто никој не им веруваше?


Вилијам Бернс патувал половина свет за да разговара со Владимир Путин, но на крајот морал да се задоволи со телефонски повик. Беше ноември 2021 година, а американските разузнавачки агенции во претходните недели примаа сигнали дека Путин можеби планира да ја нападне Украина. Претседателот Џо Бајден го испрати Бернс, неговиот директор на ЦИА, да го предупреди […]

Акциите на „Ново Нордиск“  паднаа за 15 отсто откако лекот за слабеење не успеа да се спореди со оној на „Ели Лили“


Акциите на „Ново Нордиск“ паднаа за дури 15% во понеделник откако соопштија дека нивниот лек за слабеење од следната генерација не ја исполнил својата клучна цел да покаже дека не е инфериорен во однос на конкурентскиот лек на „Ели Лили“ (Eli Lilly), што е најновиот удар за данскиот производител на лекови, чии акции се тргуваат […]