Стармер: Британски авиони на небото над Блискиот Исток


Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британски авиони „денеска се на небото“ над Блискиот Исток „како дел од координираните регионални одбранбени операции за заштита на нашите луѓе, нашите интереси и нашите вредности“. Стармер истакна дека Обединетото Кралство поседува низа одбранбени капацитети во регионот, кои неодамна беа засилени. Тој исто така нагласи дека Британија го подигна […]

Уставните измени се прашање на кредибилитет, вели евроамбасадорот Рокас


Договорите на ЕУ јасно не прават никаква референца на второ ниво, членство, или членство без права, односно без право на глас или право на вето. Ако сакате да направите такви промени, треба да се ревидира договорот, а тоа бара едногласност во Унијата, вели евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за „Слободен печат“. Во ооднос на Уставните […]

Почина познатиот хирург и професор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование Весна Јаневска


По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари […]

Медведев без борба во финалето, но и без изгубен сет го освои турнирот во Дубаи


Данил Медведев триумфираше на турнирот во Дубаи, откако неговиот противник Талон Грикспор се повлече од турнирот по повредата здобиена во полуфиналниот меч против Андреј Рублев. Инаку, ова беше првпат Медведев да освои титула во ист град. Тој претходно имаше освоено 22 титули во 22 различни града. Медведев по вчерашната победа против Феликс Оже-Алијасиме не се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Развојната банка сега ја води докажан професионалец во областа


ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираше на прес-конференцијуата на СДСМ за новиот директор на Развојната банка.  „Сега на чело на Развојната банка е кадар кој е докажан професионалец во областа на развојното банкарство“,, се вели во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека кога станува збор за образованието, Ефимија Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата […]

Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“, вели иранскиот министер за надворешни работи


Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив „колку што тој знае“. Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади. Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече […]

ССМ доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати за минималната плата


Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати во заложбите за зголемување на минималната плата и сите останати плати.  Во писмото упатено до претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се вели дека напорите и заложбите на ССМ за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување […]

Единаесет македонски граѓани побарале евакуација од Израел


Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.  – Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани […]

„Не беше несреќа, беше убиство“: Масовен протест во Атина на тригодишнината од железничката несреќа


Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани протестираа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина на тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи, а по завршувањето на официјалниот дел, имаше тензии меѓу полицијата и маскирани лица, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалниот […]

Иран: Во нападите погодено училиште, најмалку 60 мртви (видео)


Најмалку 60 лица, вклучувајќи ученички, се убиени, а 63 повредени во израелски напад врз женско основно училиште во јужниот ирански град Минаб јави иранскиот државен радиодифузер IRIB, повикувајќи се на локален функционер од покраината Хормозган, при што известува дека училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, пишува Anadolu Agency (AA). Иранската новинска […]

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток


Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  – Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака […]

АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка


Проблемот со кравите кои слободно шетаат во Крива Паланка треба да се реши веднаш и тоа од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, порача денес на прес конференција градоначалникот на Крива Паланка,  Сашко Митовски. Тој рече дека Општината ќе ги понуди сите распожливи средства за да се реши повегодишниот проблем со напуштените крави, но […]

Естетиката е важна и за физичкото и за менталното здравје, седми симпозиум за естетска медицина во Скопје


Естетиката е важна и за физичкото и за менталното здравје, беше нагласено денеска на седмиот Симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество што се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Здружението за естетска медицина (ЗЕМ). Претседателот на здружението, проф. д-р Игор Пеев, во изјава за медиуми истакна дека за годинашниот симпозиум има огромен […]

Франција бара состанок на Советот за безбедност на ОН за конфликтот во Иран


Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН по нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздата на Техеран, велејќи дека ескалацијата „мора да престане“. „Франција повикува на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации“, напиша Макрон на X. „Тековната ескалација е опасна за сите. Мора […]

Руски „Росатом“ предупреди дека нуклеарните локации во Иран не смеат да бидат цел „под никакви околности“


Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека евакуирала 94 лица од Иран, но нејзиниот персонал останува во нуклеарната централа „Бушер“. Цитирајќи го извршниот директор Алексеј Лихачов, „Росатом“ информира дека ги евакуирал сите деца на вработените, како и „несуштинскиот персонал“ и секој што сакал да ја напушти земјата, додека Израел и САД продолжуваат со нападите врз […]

Прекинат натпревар во Евролигата поради бомбардирање


Натпреварот од јуниорската Евролига меѓу Монако и Арис е прекинат поради бомбардирање на воените бази кои се наоѓаат во близина на салата. Ситуацијата на Блискиот исток станува исклучително напната по нападот на САД и Израел врз Иран, а сите други држави од тој регион се во состојба на готовност Во 12.минута натпреварот е прекинат откако […]

Седниците на Уставниот суд од 4 март ќе се пренесуваат во живо на Јутјуб и Фејсбук


Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март,  првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот […]

Палатата на Хамнеи срамнета


Канал 12, цитирајќи неименувани израелски извори, информира дека палатата на иранскиот врховен водач Али Хамнеи е целосно уништена. Како што пренесе Тајмс оф Израел, не е јасно дали Хамнеи бил присутен. Исто така, се вели дека сите клучни водачи на Иран биле цел на нападите досега во текот на денешниот ден.

Бујни пејзажи, снежна покривка и свеж воздух: Што нуди црноморскиот регион на Турција во зима


NationalGeographic, во својата престижна годишна листа на најавтентични светски дестинации „Best of the World 2026“ го избра и Црноморскиот регион на Турција, кој се протега долж северното крајбрежје на земјата. Оваа област, позната по бујните пејзажи и свежиот воздух, како особено атрактивна се смета во зима, а за туристите се препорачуваат неколку впечатливи рути. Орду […]

СДСМ: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси


Опозициската СДСМ денеска на прес конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со најновите кадровски промени, ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси.  „Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата […]