Потврдените жртви на Русија во Украина надминаа 200.000 луѓе


  Најмалку 200.186 руски војници загинале во четирите години од војната во Украина, според пресметката на Руската служба на Би-Би-Си и „Медиазона“ врз основа на отворени податоци. Најголеми жртви се регистрирани кај доброволците – 74.316 (37%). Потоа следуваат војници по договор (38.847 мртви), затвореници (21.405) и регрути (17.940). Во преостанатите 44.818 случаи, припадноста не можеше […]

Трагедијата на мајмунчето Панч: Зошто мајките ги напуштаат своите млади?


Видеа од Панч, седуммесечен јапонски макак кој бил напуштен од неговата мајка и пронашол утеха во плишана играчка, ги трогнаа луѓето ширум светот. Малото мајмунче од зоолошка градина во Јапонија стана познато откако видеата на кои е малтретирано од други мајмуни и отфрлен од неговата мајка станаа вирални минатата недела, објавува „Гардијан“. Панч е роден […]

И за Максим Димитриевски куќниот притвор за Груби е „невиден преседан“


  По министерот за правда Игор Филков и неговиот партиски шеф во ЗНАМ, Максим Димитриевски го нарече одредувањето мерка куќен притвор за Артан Груби „невиден преседан“. Одговарајќи на новинарски прашања во Куманово Димитриевски рече дека тоа не е патот по кој сакаме да одием во Европа. „Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како […]

Прилепчанец набавил фалс свидетелство, за да полага за возачка


Снаодлив 49-годишен прилепчанец, Н.А., е обвинет за фалсификување документи, откако полицијата открила дека изработил лажно свидетелство за завршено основно образование. Според информациите од МВР, тој наводно имал намера со фалсификатот да се запише во авто-школа и да полага возачки испит, иако реално завршил само четврто одделение. Случајот излегол на виделина во септември 2025 година, кога […]

Што се случува зад рускиот фронт околу Украина?


Руските вооружени сили продолжуваат со својата ограничена офанзива и ја задржуваат иницијативата по целата линија на фронтот. Сепак, руските сили постигнуваат релативно маргинални територијални придобивки  по цена на сè позначителни загуби, со забрзување на овој тренд на исцрпување од крајот на 2025 година. Ова оптоварување на борбените ресурси на руските вооружени сили не е компензирано […]

Битолчанец се обидел да ги убие синот и ќерката, па ја демолирал полициската станица


СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и […]

За 223 милиони евра ќе се гради мост „Свети Дује“ меѓу Сплит и Каштела


Хрватски патишта ги објавија резултатите од тендерот за проектирање на мост долг 1.600 метри и висок 55 метри помеѓу Сплит и Каштела. Клучен објект како дел од поширокиот. проект „Нов влез во Сплит“ ќе го дизајнира загрепското студио 3LHD, а словенечкото „Peipenbaher inženjerji“ го освои првото место и награда од 60 илјади евра. Второто место […]

Свечено отворена салата на Работнички во Градски парк во Скопје


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска […]

Музичкиот феномен Јаков Јозиновиќ доаѓа во Скопје


Регионалната сензација, хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“. Билетите се пуштаат во продажба во среда, 3 декември во 12 часот преку mktickets.mk . Концертот е во организација на […]

Панама сепак ги елиминираше Кинезите, ги предава терминалите на „Маерск“ и на МСЦ


Панама ги откажа клучните пристанишни договори што ги држеше подружницата на Хонг Конг, CK Hutchison, во службен весник во понеделник, префрлајќи ги привремените пристанишни операции на данските бродски гиганти A.P. Moller-Maersk и Swiss Mediterranean Shipping Co. Известувањето ја формализираше одлуката на Врховниот суд од минатиот месец дека концесиите за терминалите Балбоа и Кристобал во близина […]

Зеленски го објави бункерот од кој управуваше првите денови од војната


Украинскиот претседател Володомир Зеленски сними големо обраќање по повод годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина. Видеото за прв пат понуди детален поглед на подземниот бункер на претседателот – местото каде што се донесуваа клучните одлуки во првите денови од војната. „Денес се навршуваат точно четири години откако Путин рече дека „ќе го заземе […]

Бел млечен трн – полезно медицинско растение со потенцијал за прочистување на почвите


Иако често сметано за коров, белиот млечен трн (Silybum marianum (L.) Gaerth) може да биде полезно медицинско растение со потенцијал за фиторемедијација на почви, односно нивно прочистување од тешки метали и азотни соединенија без компромитирање на неговиот фармаколошки квалитет. Ова го покажа речиси двегодишното истражување на Јована Ѓорѓиевска, реализирано со среден грант од на Програмата […]

ФФМ објави дописи од УЕФА за можни наместени натпревари во Македонија


Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дописи од УЕФА за можни натпревари во македонскиот фудбал, станува збор за дуели од Првата и Втората лига, како и една пријателска средба. Три натпревари има на Башкими и тоа против Шкендија кој го загубија со 3-1 на домашен терен (ПМФЛ), дуелот против Струга исто така од ПМФЛ кој заврши […]

Итно затворен патот за Теферич, објави градоначалничката на Кисела Вода


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска објави дека е донесена одлука за итно затворање на патот по извршен повторен увид на терен и стручни анализи. Таа на својот Фејсбук профил соопшти дека одлуката била донесена по заедничката проверка со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и во координација со надлежните институции. „По денешниот повторен […]

Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“ пристигна на Крит


Најголемиот носач на авиони во светот, „УСС Џералд Р. Форд“, се закотви во американската поморска база во Суда, Крит. Бродот е на пат кон Блискиот Исток, каде што ќе се придружи на големо американско воено засилување во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, објави „Еуроњуз“. Се очекува бродот, придружуван од разурнувачот „УСС Махан“, […]

УНИЦЕФ: Речиси осум милиони деца во светот се неисхранети, секое петто дете умира од глад


Женева – Канцеларијата на УНИЦЕФ за Хрватска почна хуманитарна кампања за помош на гладните деца во Судан, Јемен и Газа, предупредувајќи дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство непрекинато се зголемува и, според проценките, рекорден број деца ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2026 година. Според УНИЦЕФ, милиони деца ширум светот страдаат […]

„Оваа одлука е скандал, барам одговорност“: Министерот Филков за куќниот притвор на Груби


  Не може притворот да е правило за обични луѓе, а да не важи за Груби, порача денес на прес-конференција министерот за правда, Игор Филков. Тој , наведувајќи ги по име еден по еден, побара одговорност од обвинителите и од судиите кои ја донеле оваа одлука, порачувајќи притоа дека нема да биде нем сведок кога […]

Објавени ревизорските извештаи за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и за Алтернатива за 2024 година


Државниот завод за ревизија денеска ги објави конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2024 година на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левицата и Алтернативата. ДЗР, како што се наведува, за ДУИ изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и […]

Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели


На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.  Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, […]

Вон открива дека речиси ја изгубила ногата. Роналдо ѝ се јави


Кристијано Роналдо испрати порака за поддршка до Линдзи Вон откако американската скијачка легенда беше пуштена од болница по ужасниот пад на Зимските олимписки игри во Италија. Вон доживеа сериозен пад само неколку секунди по почетокот на трката по спуст во Кортина, по што беше префрлена со хеликоптер во болница, објави Goal.com. Вон се отвора за […]