Судири на иранските универзитети поради протестите против Хамнеи


Иранските безбедносни сили и полицајци во цивилка се обидоа синоќа да ја преземат контролата врз универзитетите низ Иран за да ги задушат студентските протести кои се одржуваат четврти ден против врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, додека во Женева се подготвува нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран. Според извештаите од теренот, на некои факултети […]

Британската влада ќе објави доверливи документи за поранешниот принц Ендру


Владата на Велика Британија ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, по жестока парламентарна дебата и притисок од пратениците. Предлогот за објавување беше одобрен во вторник откако Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен под обвинение дека споделувал владини записи со Џефри Епштајн додека бил на функција, објавува „Еуроњуз“. За време на […]

Која е бегалката од Украина што ја спомена Трамп во своето обраќање до нацијата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање до Конгресот, ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во август 2025 година. Трамп ја искористи нејзината трагична судбина за да ги критикува политиките што, според него, им дозволуваат на опасните криминалци да останат на слобода, пишува Украинска правда. Избега од војната за да […]

Инфантино верува дека натпреварите од СП 2026 година ќе се одржат во Мексико


Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, е уверен дека натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се одржат во Мексико. – Многу сум возбуден поради ситуацијата во државата, но убеден сум дека сè ќе биде во ред. На Мундијалот ќе биде спектакуларно“, изјави Инфантино во колумбискиот град Баранкила. На 22 февруари, мексиканското […]

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји


Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија […]

ДУИ порачува судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци за случајот со Артан Груби


Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, наведува ДУИ во соопштение.  „Веќе го реафирмираме […]

Четири лица убиени во напад со нож во државата Вашингтон, осомничениот е мртов


 Четири лица се убиени во напад со нож во западната држава Вашингтон, според американските власти. Канцеларијата на шерифот на округот Пирс соопшти дека вчера наутро добиле извештаи „дека маж боде луѓе“ пред куќа во близина на Гиг Харбор, југозападно од Сиетл. „Имаше четири починати лица, вклучувајќи го и 32-годишниот осомничен маж, а петтата жртва веднаш […]

Норвешки Бодо/Глимт направи сензација и го елиминира Интер од Лигата на шампионите


Фудбалерите на Бодо/Глимт направија големо изненадување во осминафиналето на Лигата на шампионите. Норвежаните го демолираа Интер Милан, актуелниот европски вицешампион, победувајќи со вкупен резултат 5-2 во двата натпревари. Овој вторник, Интер го премести натпреварот во противничкиот шеснаесетник од самиот почеток и го бркаше норвешкиот тим во текот на целото прво полувреме. Давиде Фратеси, Маркус Турам […]

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во дводневна посета на Пекинг што е прва официјална посета на Кина на лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во својство на канцелар. За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чианг, германскиот лидер изјави дека неговата земја сака да ја продлабочи економската размена со Кина, но оти има одредени […]

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во Бразил


 Најмалку 22 лица загинаа по обилните дождови во југоисточен Бразил. Градот Хуиз де Фора вчера прогласи вонредна состојба, ја прекина наставата во сите општински училишта и започна потрага по најмалку 45 исчезнати лица. Според прелиминарните бројки, најмалку 16 лица загинале само таму. Градската администрација соопшти дека шест лица загинале како резултат на дождовите во градот […]

„Млади за Млади“ – концерт на Александар Ицковски (виолончело) и Давид Павиќ (пијано)


Музичка младина на Македонија ја започнува овогодишната концертна активност од циклусот „Млади за Млади“, дел од програмата „Млад музички албум“, со концерт што ќе се одржи вечер во 20:00 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Влезот е слободен. На концертот ќе настапат младиот виолончелист Александар Ицковски и пијанистот Давид Павиќ, кои ќе […]

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Прилеп


Амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе следува состанок со членовите на […]

„Ова е златното доба на Америка“: Трамп го одржа најдолгото обраќање за состојбата на нацијата досега


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање за состојбата на нацијата, најдолго во американската историја, во вторникот ги пофали своите економски достигнувања што им го донесоа на САД нивното „златно доба“. Трамп зборуваше пред Конгресот рекорден час и 47 минути, надминувајќи го демократот Бил Клинтон, кој зборуваше еден час и 20 минути во 2000 […]

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој  загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на […]

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. […]

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите


Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член и на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог одлуката за […]

Губеа со шест голови, на крајот победија со четири : Ракометарите на Вардар го совладаа германски Мелсунген


Ракометарите на Вардар ја постигнаа првата победа од главната фаза во Лига Европа откако вечерва го совладаа германскиот тим Мелсунген со 37:33. Со оваа победа Вардар се израмни бодовно со Бенфика во групата 3. Гостите од Германија по 3:3 направија серија од 7-1 за водство од 10:4. Во тој период избраниците на Иван Чупиќ правеа […]

Големо свлечиште во Албанија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан


Блокадата на патниот правец  Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.    – Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а […]

Атлетико Мадрид избори осминафинале во Лигата на шампионите


Екипата на Атлетико Мадрид успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го совлада Клуб Бриж со 4:1 и со вкупно 7:4 го елиминираше противникот. Јунак на дуелот беше Норвежанецот Александер Сорлот кој постигна хет-трик. На полувреме беше 1:1 и ниту една екипа немаше предност откако првиот дуел […]

Тетово со нови протоколи по заканите за бомби во училиштата


По лажните дојави за поставени бомби воТетово, Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата.Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора […]